11.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаБројчаникот на официјалната страна за позитивни на Ковид-19 престана да врти??

Бројчаникот на официјалната страна за позитивни на Ковид-19 престана да врти??

Во Македонија во последното деноноќие закое има податоци од Министсртвото за здравство беа регистрирани рекордни 445 новозаболени од коронавирусот. Со нив бројот на активни случаи се зголеми на вкупно 4.236 лица. Од почетокот на епидемијата досега од Ковид-19 починати се 809 лица. Бројките се објавуваат на дневно ниво и во извештаи на Институтот за јавно здравје. Сепак и покрај засилувањето на епидемијата, новите рекорди на новозаболени и починати – во земјава практично „умре“ интернет страницата на која Министерството за здравство ги ажурираше податоците за Ковид-19.

Така ако одите на coronavirus.gov.mk, бројот на активни случаи е под 3.000. На првата страница последна новост е од 14 август кога министерот Венко Филипче објавил дека после подолг период бројот на активни случаи е под 3.000. За жал сега тоа е далеку од реалноста.

Последните податоци во табеларниот приказ пак се од 28 септември и според нив, бројот на новозаболени изнесува 40, а вкупно активни болни се 2.303 случаи. И тоа за жал веќе не е така.

Важно страницата се обновува со најнови информации од одлуките на Владата и промоцијата на најновите мерки за помош од кризата.

Фактор

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...

Дурловски: Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно

Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно. Слава ти Господе!, порача вечерва Игор Дурловски, по објавата на...

Неважечки ливчиња има тројно повеќе од гласови за Стевчо

Од вкупно обработени 50,86% избирачки места вкупно гласале 434.897 гласачи, од кои важечки се 421.722 избирачки ливчиња. Вкупниот број на неважечки ливчиња е 11.539...

Првичните официјални резултати во општина Дебрца: ВМРО ДПМНЕ 1100- СДСМ 377

На Претседателските избори во Македонија ВМРО ДПМНЕ води со огромна разлика. Шило Магазин ги доби и официјалните резултати од Општина Дебрца- ВМРО ДПМНЕ 1100- СДСМ...