10 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаев: Ќе продолжам да носам странски инвеститори во земјава, следен чекор ми...

Заев: Ќе продолжам да носам странски инвеститори во земјава, следен чекор ми е инвестиција од 3 милијарди евра.

Заев соопшти дека се разговара и со 10 турски компании за индустриската зона Гевгелија која е исто дел од ТИРЗ-овите, а неколку активности веќе се договорени во зоната Визбегово и во индустриските зони во градовите низ дражавата.

Странските инвестиции продолжуваат во државата, преговараме за инвестиции вредни три милијарди евра, а Владата ќе поддржи уште 40 нови домашни инвестиции со Законот за финансиска поддршка, во вредност од 20 милиони евра, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

– За инвестиции од 300 милиони евра со Законот за стратешки инвестици, информира, се формирани четири комитети соодветно за инвестиции за кои разговараме. Во тек се постапки за нови инвестиции за фотоволтаици од 100 мегавати кои верувам дека кога завршува постапката ќе бидат отворени до крајот на октомври или ноември. Подигнати се 56 документации за Чебрен и Галиште, разговараме за наши инвестици во новата централа во Грција, Алксандрополис. Во државата се отворени преговори за инвестици заради тоа што тргнавме во засилена економска дипломатија на највисоко ниво поставени структури во Владата, министрите и јас, за инвестиции во производствени капацитети – рече Заев.

Се разговара, како што дополни, и со 10 турски компании за индустриската зона Гевгелија која е исто дел од ТИРЗ-овите, а неколку активности веќе се договорени во зоната Визбегово и во индустриските зони во градовите низ дражавата.

– Мислиме дека овој период ако некаде не можеме комплетно да ги реализираме плановите со старт на градба на фабрика или почеток на градба барем да ги постигнеме договорите – рече Заев.

Тој најави дека денеска Владата ќе објави поддршка на повеќе од 40 нови домашни инвестиции преку Законот за финансискка поддршка. Тоа се нови 40 инвестици со вредност од над 20 милиони евра, директна инвестиција од самите компании, а државата ќе ги поддржи, посочи Заев при увидот за изградба на инфраструктурата во ТИРЗ Скопје 2.

МИА

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...