5 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаНаместо во затворoт Шутка, Зоран Милески Кичеец ќе лежи во струшкиот затвор...

Наместо во затворoт Шутка, Зоран Милески Кичеец ќе лежи во струшкиот затвор !!

Наместо во истражниот затвор во Шутка, Зоран Милески Кичевскиот затворската казна ќе ја издржува во струшкиот затвор во нас. Теферич кој е од отворен тип. Според новиот упатен акт за издржување на затворската казна Милески треба да се пријави во затворот на 26 октомври.

Ова следува откако обвинетиот го повлекол барањето за одложување на затворската казна во кое според информациите од судот, како причина била наведена промената на неговата адреса на живеење од Скопје во Охрид, а со тоа и преминувањето на надлежноста за предметот од скопскиот во рацете на охридскиот суд. Упатниот акт во судот е издаден вчера. Од затворот во Струга за тв 24 велат дека до нив сеуште не стигнало ништо, и дека засега околу случајот имаат информации само од медиумите.

„До овој момент сеуште го немаме добиено дописот од судот, пресудата и упатниот акт.Она со што во овие моменти располагаме за овој случај се информациите од медиумите.Но во следните денови сигурно и ќе го добиеме дописот по редовна пошта како што е пракса досега.“ велат од затворот.

Затворот во Струга е од отворен тип каде лежат лица осудени на казна затвор од три до пет години.

Во случајот на Милески од одредените три му остануваат да одлежи помалку од две, бидејќи му се смета и времето кое го помина во притвор.Тој е осуден за делото примање награда за противзаконито влијание за кое уште на првото судско рочиште за „Рекет“ на 3 декември лани призна вина.

Поднесе жалба, но Апелацискиот суд во Скопје на 4 септември годинава ја потврди пресудата во делот на висината на казната од три години, а потоа Основниот кривичен суд пред дваесетина дена му испрати упатен акт со кој тој требаше да се јави во затворот во Шутка на 12 октомври.

Но, во меѓувреме, Милески ја променил адресата на живеење од Скопје во Охрид и од тие причини побарал одложување на казната.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...