8.8 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаСе шетала со детето низ Скопје, кога наеднаш некој од зградите ја...

Се шетала со детето низ Скопје, кога наеднаш некој од зградите ја погодил со кромид !!!

spot_imgspot_img

Како што објаснува Алчевска, случајот веднаш го пријавила во полиција, но полицајците ѝ возвратиле дека тоа не е во нивна надлежност.

Скопјанката Мартина Алчевска на социјалната мрежа Фејсбук се пожали дека во саботата додека со бебето се шетала по патеката за пешаци на булеварот Партизанска, некој од околните згради фрлил кромид и ја погодил во грбот.

Како што објаснува Алчевска, случајот веднаш го пријавила во полиција, но полицајците ѝ возвратиле дека тоа не е во нивна надлежност.

„На ден 10.10.2020 (сабота) шетајќи со бебето по патеката за пешаци од страна на булеварот Партизански одреди, каде што е обележано со црвено, ме удри некој од кулата со кромид. Ме удри по грб и кромидот се подели на два дела. Среќа што удри во мене, да го држев детето во раце ќе беше фатално. Дете од неколку месеци да го удри некој од таа висина, вистина е фатално. Патем, ова не е прв пат, често од таму летаат тегли ајвар, цвекло, јајца, ѓубре и сè што може да замислите. Кога и да поминете таму ќе забележите искршени тегли и еден куп ѓубре. Секако веднаш пријавив во полиција, меѓутоа ми рекоа дека тоа не е во нивна надлежност и дека нивна работа не е да одат од стан на стан за да го најдат тој/таа. Целта на овој пост е да се сподели, зошто верувам дека сите имате свои сакани кои секојденевно поминуваат на главниот булевар пешки или со велосипед“, пишува Алчевска.

Плусинфо

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...

Дурловски: Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно

Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно. Слава ти Господе!, порача вечерва Игор Дурловски, по објавата на...