5 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаАмди Бајрам: Свесен сум за забраната за свадби, затоа јас ќе правам...

Амди Бајрам: Свесен сум за забраната за свадби, затоа јас ќе правам свадба во Турција за внуката !!

Поранешниот пратеник Амди Бајрам вечерва прави свадба за внуката Перихан во Истанбул. Свадбата се случува на брод на Босфор, со над 200 гости од Македонија.

Во земјава, поради коронавирусот забрането е организирање свадби, па поради тоа Амди Бајрам решил свадбената прослава да ја организира во Турција каде нема ваква забрана. Видеа од свадбата на ќерка си на својот Фејсбук профил постави синот на Бајрам, Габриел.

Поранешниот пратеник изјави дека поради мерките на Владата и зголемениот број нови случаи, решиле да ја откажат прославата дома, но гостите ги однел во Истанбул

Пред една недела откако во јавноста се појави поканата за свадбата закажана за 11 октомври, поранешниот пратеник изјави дека поради мерките на Владата и зголемениот број нови случаи, решиле да ја откажат прославата.

Министерот Венко Филипче постојано потенцира дека бројките на позитивни од ковид-19 растат токму поради семејни собири, прослави, свадби и концерти во кафулиња. Свадбите се забранети уште од почетокот на пандемијата во март. Од 5 октомври беше воведена забрана за живи свирки во кафулиња и ресторани, а на една маса дозволено е да седат најмногу 4 лица.

Денеска во земјава се регистирани 594 нови случаи на ковид-19, што е најголема бројка од почеток на пандемијата. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани изнесува 23.201, бројката на оздравени пациенти е 17.111, на починати е 824, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 5.266.

Во Турција според последните податоци од сабота беа регистрирани 1.700 нови позитивни на ковид-19, а бројот на активни случаи е 34.000.

сдк.мк

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...