11.9 C
Ohrid
вторник, април 23, 2024
ПочетнаМакедонијаВо држава Вевчани се гради  првата  Виа ферата во земјава.

Во држава Вевчани се гради  првата  Виа ферата во земјава.

Во Вевчани  се гради  првата  Виа ферата во земјава.

Станува збор за  безбедна патека за алпиниститчкото искачување на карпа со помагала. Карпата  висока околу 150 метри се  наоѓа на еден километар до  Вевчанските извори.  На неа  се поставува фиксна сајла со безбедни клинови, а на потешките делови  и скали.

Фератата   е  нова туристичка приказна во Вевчани , која  за три месеци ќе биде достапна за туристите.

„Во Вевчани, вчера, беа последните мерења кои ги правевме. Вкупната должина на ферата ќе биде 230 метри од кои 140 м ќе бидат чиста вертикала, а останатите делови се експонирани гребени. Самата ферата е во непосредна близина на Вевчани, овозможува лесен пристап за посетителите “, вели Антониот Додески од Алпнистичкиот клуб  Патагонија.

Овој спорт е многу популарен во европпските земји.  Авантуристичкото доживување по патеката ќе трае околу час и половина. Искусните ќе се искачуваат сами, а почетниците со водичи алпинисти.

-„Проектот го спроведуваме ппартнерски  со општина Вевчани и планинарското друштво „Црн камен“. За клубот ќе биде набавена и опрема која ќе се изнајмува бидејки потребен е виа ферата сет, односно   кацифа и алпинистички појас кој што клубот ќе ги изнајмува“, додава Додески.

Деновиве присуствувавме на мапирање на првата “ВИА ФЕРАТА” во Македонија (заштитена патека за качување). Мапирањето го вршеа искусните алпинисти од спасителната горска служба од Охрид. Ова ќе биде пионерски потфат и збогатување на туристичката понуда на Вевчани.
Првата ВИА ФЕРАТА ќе биде финансирана преку проект подржан од ГИЗ-Германско друштво за интернационална соработка, вели градоначалникот Сашо Јанкоски.

Изградбата на првата ваква патека е дел  од  проектот „Хајс кардус трел“ кој преку планински патеки ги поврзува Македонија, Косово и Албанија.

Новинар Соња Рилковска

Пишува: Охрид Нет

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ученикот кој претепа наставничка, од „Димо Хаџи Димов“ ќе биде префрлен во „Владо Тасевски“

Институциите, општината и основното училиште по претседателските избори ќе бараат решение за ученикот кој вчера претепа наставник и нападна ученици, а потоа беше приведен од...

19-годишник и малолетник завршиjа во полиција – Го прекршиле изборниот молк !!

Две лица од тетовско со лепење плакати за кандидат за претседател го прекршиле изборниот молк. Министерството за внатрешни работи информираше дека утрово во 01.05...

Боки вечерва повторно ќе УДРИ?! -Најавува вклучување во живо !!!

Боки 13 во поткастот „Лазаров“ зборуваше и за основањето на Меѓународен сојуз, но и за „1ТВ“. Зборуваше за функционерите, пришто кои ги обвини, за...

Осудените за „27 април“ кон Русковска: Доаѓа денот, тек допрва ќе си одговараш за својата работа.

Дел од осудените за „27 април“ јавно ѝ порачаа на обвинителката Вилма Русковска дека доаѓа денот, алудирајќи на денот кога ќе одговара за својата...