9.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаИ Мартин Протуѓер не отиде на судење - И тој и сопругата...

И Мартин Протуѓер не отиде на судење – И тој и сопругата биле позитивни на Ковид-19

Поранешниот висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Мартин Протуѓер, а сега обвинет во процесот „Титаник”, е позитивен на Ковид-19, поради што е одложено денешното рочиште за овој случај.

Одбраната на Протуѓер, до Судот доставила известување дека и сопругата на обвинетиот е позитивна на корона вирусот. Според протоколите, тој ќе биде спречен да присуствува на главните расправи во следните 20 дена, односно во тој период нема да се одржат главните расправи.

Судијата Осман Шабани, ги задолжи адвокатите на обвинетиот Мартин Протуѓер, пред 5 ноември да го известат судот за неговата здравствена состојба.

Обвинителниот акт инициран од поранешното Специјално јавно обвинителство, за овој предмет сомничи 20 лица за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања на ВМРО-ДПМНЕ

 

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Автопатот Кичево – Охрид како легендата за Радин мост – Дење го градат, ноќе паѓа

Автопатот Кичево – Охрид станува историски, како Радин Мост во Кратово. Според легендата, го ѕидале девет браќа. Дење го граделе, ноќе паѓал. За да го...

Стојанче вели дека треба да остане директор, оти Мечките се буделе од зимскиот сон, а исто така иде сезона од пожари !!

Претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов смета дека треба да остане на директоркската функција бидејќи државата се наоѓа во специфична ситуација. -Талат Џафери е технички премиер....

Кривична против маж од кочанско, им се заканувал на полицајци преку Фејсбук

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Д.Р.(37) од село Облешево, кочанско, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични...

Да не се чудиме зошто се однесуваат ЕУ и светот вака кон нас

❗️Важно е да не одите надвор без да постигнете консензус дома, оти во стартот сте послаби! Да не се чудиме зошто се однесуваат ЕУ...