9.4 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаМарковски: Позитивен тест на коронавирус без симптоми не е болест, може да...

Марковски: Позитивен тест на коронавирус без симптоми не е болест, може да биде обична инфекција

spot_imgspot_img

Професорот Вело Марковски во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 вечерва истакна дека носењето на маска на отворено е штетно и објасни зошто е тоа така.

– Исфрламе милијарда микроорганизми со кивање. Сега ние одеднаш правиме нова состојба. Не дозволуваме да излезат од нашето тело, и цело време ги вдишуваме. Да не зборуваме дека белите дробови се главниот контролор на ПХ на крвта. Сега и тоа го компромитираме. Имаме проблем со децата. Ајде кога возрасен не може да диши, ќе ја трне маската, ама детето не може, и тука настанува проблем. Така да, носење на маска е штетно. На отворено зборувам – рече Марковски.

Тој смета дека има различно лекување доколку имате лесни, тешки и најтешки симптоми.

– Ако е чисто ковид, мора да се оди симптоматски. Да не се оди со лекови за кашлање, за искашлување. Ако пациентот има само лесни симтоми, доволно е само витамини, мирување, чаеви… Ако е компликација бактериска, да се види која бактерија е, и да се лекува бактеријата. Ако падне во тешка состојба. Доколку стигне до интензивна нега, тогаш треба да е оцени кое време се ставаат на респиратор – рече Марковски.

Марковски смета дека ова сега што почнува со голем број на позитивни случаи, можеби е почеток на епидемија, и дека ова досега не било епидемија. За него било апсурдно да се носат такви карантински мерки со затворање кои донеле повеќе штета.

– Апсурдно беше да се носат такви мерки како затворање, карантини, вонредни состојби, си направивме огромна штета. Ова што почнува сега можеби е почеток на вистинска епидемија, ова до сега – не беше – смета Марковски.

Тој смета дека во месеците август и јули прикажувавме по 300-400 болни, а биле само 20-30.

– Оваа метода не покажува болест. И тука имаме проблем, и ние позитивните ги покажувавме како болни, и си направивме огромна штета врз економијата. Ги затворија границите ги затворија, затоа ги кажувавме по 300 по 400 болни, а тие беа само позитивни. Во тие месеци имавме само по 20-30 болни – смета Марковски.

Позитивен тест на коронавирус без симптоми не е болест. Ова го кажа проф. д-р Вело Марковски во вечерашното гостување во „Клик Плус“ на ТВ21. Тој даде објаснување што значи и како реагира телото кога има болест, и дека позитивен тест не е болест, туку може само да е инфекција.

– ПЦР технологија открива секвенции на вирусот, не жив вирус, затоа не мора да значи болест. Но, вирусот може и да постои. Кога ќе навлезе, тоа е инфекција, и таа може да се докаже со серолошки тестови. Не мора пациентот да има симптоми, а кога ќе има симптоми, тогаш е болест – објасни Марковски.

Тој смета дека овие ПЦР тест кои се бараат за да се оди во друга држава, се голема грешка, и дека требаат и серолошки тестирања.

– СЗО дури во претходните епидемии со САРС 1 и со Мерс бараше двете методи да се користат, односно да не се користи само ПЦР технологија без серолошки тестови. ПЦР се оспорува бидејќи таа не е за ваква масовна употреба – вели докторот.

Марковски објасни како да се разликува коронавирусот од обичен грип.

– Треба да ги разликува науката, но не само кај нас, туку во речиси држави нема некоја силна инфектологија, и не се вклучени луѓето кои се најстручни во горнореспираторни инфекции. Најголемиот проблем сега ќе прави грипот и обичната настинка. Аденовирусите се најпрви на листата, па доаѓаат риновирусите, а коронавирусот се четврти на листата. Над 200 риновируси даваат обична настанка. Нормално е во сезоната да имаме 3-4 епидемии со риновируси и аденовируси. Риновирусот на пример нема температура и не бара отсуство од работа – рече Марковски.

Професорот Марковски истакна дека во ова време сега, ќе биде многу лошо ако сите инфекции ги ставаме во „кошот“ на ковид.

– Посебно во овие есенски и зимски месеци доаѓаат, каде што ќе има и други инфекции, и ќе биде многу лошо ако сите тие ги ставаме во ковид кошот – рече Марковски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...

Дурловски: Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно

Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно. Слава ти Господе!, порача вечерва Игор Дурловски, по објавата на...