14.9 C
Ohrid
вторник, април 16, 2024
ПочетнаМакедонијаМинистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски примил орден за посебни заслуги и...

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски примил орден за посебни заслуги и придонес

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска на својот Фејсбук профил објави дека од Бигорскиот старец и игумен на Свештената Бигорска Обител, Епископ Антаниски г.Партениј примил орден за посебни заслуги и придонес за манастирот „Претеча“ од I ред со ликот на пречесниот Претеча.

-Во годината кога манастирот „Свети Јован Бигорски“ прославува 1000 години од своето постоење, ми претставува огромно задоволство од Бигорскиот старец и игумен на Свештената Бигорска Обител, Епископ Антаниски г.Партениј да го примам овој орден за посебни заслуги и придонес за манастирот „Претеча“ од I ред со ликот на пречесниот Претеча, објави Спасовски .

 

Тој на Фејсбук пишува дека Бигорскиот манастир е наш спомен над времето и дека е гордост на сите нас и поттик да создаваме дела, вредности и добрини кои ќе останат и после нас и ќе ги инспирираат младите и следните генерации да продолжат по добриот пат.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Влада: 24 април и 8 мај се неработни денови, се препорачува и приватниот сектор да не работи

Деновите кога ќе се одржат изборите за претседател на Македонија и за пратеници во Собранието се прогласени за неработни денови за сите граѓани на...

Пецаков уште еднаш им одговори на сите што сакаат да го оцрнат предизборно !

🗣Со оглед на тоа дека бев прозван од некои иницијативи и медиуми во врска со изградба на хотел во месноста Горица, а во интерес...

Голема акција во Идризово: Уапсени 17 затворски полицајци, веќе се однесени во Суд

Во голема акција во затворот Идризово утрово, уапсени се 17 припадници на затворската полиција, кои веќе се во Суд. Акцијата ја води Обвинителството за организиран...

О2: Мијалкови започнаа да градат луксузен хотел во Охрид, уништена шума стара 70 години

Во Охрид, над Горица 3 започнува градба на хотел, а за таа цел е унишена стара шума над 70 години која ја засадиле жители...