2 C
Ohrid
понеделник, ноември 23, 2020
Почетна Македонија Спортските обложувалници се најголеми двигатели на економијата и буџетот во РСМ, ...

Спортските обложувалници се најголеми двигатели на економијата и буџетот во РСМ, и покрај тоа тие беа најголемите донатори за време на пандемијата !!!!!

Translate (Eng):[gtranslate]

Се почесто во јавноста на мета се спортските кладилници и игрите на среќа, посебно кај дел од политичките партии ,кој свесно манипулираат со јавноста .За да нештата бидат појасни ,најнапред треба да се зане ,дека спортските обложувалници во РСМ преставуваат места за забава и , не преставуваат коцкарници ,како што сака некој да ги прикаже , поточно оцрни во јавноста .
СО НАД 8000 ВРАБОТЕНИ СПОРТСКИТЕ КЛАДИЛНИЦИ ПРЕСТАВУВААТ НАЈГОЛЕМИ РАБОТОДАВАЧИ ВО РСМ.
Спортските обложувалници во РСМ вработуваат над 8.000 дирекно вработени како и повеќе од 50.000 индиректни работни места кои оваа индустрија ги подржува. Според проценките, меѓу 40 и 50 милиони евра годишно се одлеваат на странски сајтови за онлајн обложување и игри на среќа,нешто што преставува факт како недоволната законска регулатива овозможува одлевање на домашен капитал,средства кој можат да останат во РСМ,доколку се дозволи онлајн обложување на спортските кладилници во РСМ. Во изминатиот период Министерството за финансии ја разгледуваше можноста за дополнително организирање на онлајн обложување и игри на среќа, процес кој е започнат одамна. Онлајн обложување веќе се организира, но само од страна на Државната Лотарија, а сега се разгледува можноста истото да биде организно и од страна на другите приредувачи на игри на среќа. АСОМ веќе го искомуницира својот став со Министерството за фиансии во однос на ова прашање и ја поздравува идејата.

Спортските обложувалници најголеми даночни обврзници во РСМ.

Согласно новата Уредба, право да приредуваат интернет игри на среќа во казино, обложувалница и автомат клуб, имаат сите приредувачи кои имаат лиценца добиена согласно со Законот за игрите на среќа и за забавните игри.Спортските кладилници во РСМ преставуваат основен двигател на буџетот на РСМ,ако се знае фактот дека државата само на име на лиценци од спортски обложувалници и казина , годишно инкасира над 400.000.000 Евра.
Износот на вкупните уплати (на тикети) за 2019 година во сите спортски обложувалници изнесуваат 12.306.540.956 денари, или нешто повеќе од 200 милиони евра во денарска противвредност“, говорат показетелите на УЈП.

РЕКЛАМА

Доколку се следи статистиката оваа бројка е идентична со онаа во претходните години. Околу 200 милиони евра граѓаните имале уплатено на ливчиња на игри на среќа и во 2017 и во 2018 година, а одредени петходни години таа сума достигнувала и до 220 милиони евра.
Граѓаните лани просечно по тикет уплаќале по околу 200 денари. Ова значи дека имало многу што уплаќале ливче од по 50 денари, но и такви што „ставале“ поголеми суми.Просечната уплата по тикет во 2019 година вклучувајќи ги сите спортски обложувалници, согласно службената евиденција на УЈП изнесува околу 195 денари.
Додека, пак, лани обложувалниците во вид на добивки им исплатиле на играчите сума од 150 милиони евра. Износот на вкупните исплати (по однос на уплатени тикети) за 2019 година, вклучувајќи ги сите спортски обложувалници, изнесуваат 9.222.735.357 денари, или околу 150 милиони евра во денарска противвредност, говорат официјалните податоци на УЈП на РСМ.
Државата, пак, само од данок од приредувачите на игри на среќа во 2019 година се офајдила со околу 24 милиони евра ,сума која воопшто не е мала.Во изминатата 2019 година по основ на данок на личен доход од исплатени добивки спрема играчите од игрите на среќа, сите приредувачи на посебни игри на среќа имаат прикажано обврска во вкупен износ од 1.457.437.813 денари, или околу 23,7 милиони евра во денарска противвредност.
Она што изненадува, е што во 2017 година на пример, обложувалниците по основ на задржан персонален данок на доход од исплатени добивки спрема играчите платиле износ од 38,8 милиони евра. Или, во 2019 година наплатениот данок во однос на 2017 е помал за 15 милиони евра. Зошто е така, не е јасно. Неодамна поранешната министерката за финансии Нина Ангеловска изјави дека годишно оваа индустрија му носи на државниот буџет по 30 до 40 милиони евра.
Оваа година, пак, државата сигурно ќе наплати уште помала сума од игрите на среќа, со оглед што од 15 март обложувалниците и казината престанаа да работат извесен период согласно уредбата со законска сила на влдата на РСМ поради пандемијата со ковид 19.Интернет игрите на среќа, како што велат од УЈП, се уште не се организираат. Затоа не се знае колку пари оваа дејност годинава ќе донесе во буџетот, но таа сигурно ќе биде многу помала во споредба со остварените приходи од лани.

Спортските обложувалници ,најголеми донатори за време на пандемија со Ковид 19

Асоцијацијата на спортски кладилници во РСМ во целост ги почитува и спроведува сите протоколи за заштита од Ковид 19,како на своите вработени, така и на посетителите на кладилниците.
Она што треба да се знае , преставува фактот ,дека уште со самата појава на пандемијата со ковид 19, спортските обложувалници беа најголем донатор на медицинска опрема , средства за дезинфекција, заштини средства ,како и значителна финасиска помош кој спортските обложувалници ја донираа на медицинските центри во РСМ.

С.Д. Охрид Скај

- Реклами -