10 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаАпасиев со порака за меморандумот на соседите - Маму ви ибам врховистичко

Апасиев со порака за меморандумот на соседите – Маму ви ибам врховистичко

Преку официјалната страница на политичарот – пратеник Димитар Апасиев на Фејсбук од синоќа е упатена нова порака.

На официјалната фејсбук страница на пратеникот и лидер на Левица Димитар Апасиев доцна синоќа е поставена ударна фотографија, која испраќа соодветна порака со која тој веднаш предизвика голема посетеност и бројни коментари.

За пораката што сака да ја испрати, од партијата Левица упатуваат да се прочита во релевантен научен извор за тоа што е врховизмот.

Партијата Левица, преку своите двајца пратеници вчера во Собранието на Македонија поднесе Декларација за отфрлање на бугарскиот меморандум.

Објаснувајќи ја нејзината содржина, Апасиев на новинарите, меѓу другото, им рече дека со третата точка од Декларацијата се бара од Владата, од премиерот, неговите заменици и министерот за надворешни работи „да бидат поагилни, подржавнички, пожестоки во нивните дипломатски напори за одбрана од намерните иредентистички напади и провокации кои доаѓаат од страна на (нео)врховистичките, михаиловистичките и великобугарските центри на нашиот источен сосед”.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...