11.9 C
Ohrid
вторник, април 23, 2024
ПочетнаМакедонијаДојде време и за друго скиање, а сеуште нема пресуда за директорката...

Дојде време и за друго скиање, а сеуште нема пресуда за директорката Цаца !!!

И по речиси осум месеци, нема судска одлука, дали поранешната директорка на Дерматологија, д-р Нина Цаца Биљановска свесно не постапила по препораките и евентуално придонела за ширење на корона вирусот.

Таа првично беше осудена и требаше да плати 10 илјади евра, зашто наместо во изолација, откако се врати од скијање од Италија на 29 февруари, таа отиде на работа и ја стави под клуч цела кожна клиника, пишува Алсат.

Биљаноска се жалеше на одлуката, но досега судењата се одлагаа. Не можела да ги собере потребните докази. Сега судот по службена должност ќе ги бара од Институтот за дерматологија. Докторката, обвинителството ја гони по член 205 од Кривичниот законик – пренесување заразна болест.

-Тој што со кршење на прописи или наредби со кои надлежен орган определува прегледи, дезинфекција, издвојување на болни или некои други мерки за сузбивање или спречување на заразни болести кај луѓето или со вработување или држење на лице кое боледува од заразна болест со вршење на полово дејствие или на друг начин, предизвика пренесување на заразна болест, ќе се казни со парична казна или со затвор до три годинa.

Доктор Биљановска на крајот од февруари, кога во земјава се појавија првите случаи со симптоми на корона вирус, спротивно на здравствените протоколи, не се самоизолираше. Иако препораките беа секој кој се враќа од странство, да оди во четиринаесет дневна изолација, таа отиде на Клиниката за дерматологија каде беше директорка.

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

73 годишен Тетовчанец, ја затворил снаата во соба и ја тепал.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.К.(73) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ при семејно насилство и...

Ученикот кој претепа наставничка, од „Димо Хаџи Димов“ ќе биде префрлен во „Владо Тасевски“

Институциите, општината и основното училиште по претседателските избори ќе бараат решение за ученикот кој вчера претепа наставник и нападна ученици, а потоа беше приведен од...

19-годишник и малолетник завршиjа во полиција – Го прекршиле изборниот молк !!

Две лица од тетовско со лепење плакати за кандидат за претседател го прекршиле изборниот молк. Министерството за внатрешни работи информираше дека утрово во 01.05...

Боки вечерва повторно ќе УДРИ?! -Најавува вклучување во живо !!!

Боки 13 во поткастот „Лазаров“ зборуваше и за основањето на Меѓународен сојуз, но и за „1ТВ“. Зборуваше за функционерите, пришто кои ги обвини, за...