6.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаПолицијата во Кичево заплени сто грама кокаин.

Полицијата во Кичево заплени сто грама кокаин.

-Во рамките на засилените активности на Министерството за внатрешни работи за сузбивање на недозволената трговија со дрога, во координација на Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи вчера во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево приведоа дилер и беа запленети над 100 грама кокаин и други предмети, соопшти МВР.

Полициските службеници вчера околу 20:20 часот на бул. „Ослободување” во Кичево запреле возило „цитроен”, со тетовски регистерски ознаки, управувано од И.Б. (38) од истиот град.

При извршен преглед над И.Б., тој се обидел да фрли пластично топче во кое имало осум пакувања со кокаин. И.Б. е приведен во ПС Кичево, а во неговиот дом во Кичево е извршен претрес и притоа се пронајдени над 100 грама кокаин, еден килограм смеса за мешање за зголемување на масата на дрогата, дигитални ваги и други предмети.

Одземено е возилото „цитроен”, како и возило „порше”. Известен е јавен обвинител од ОЈО Кичево и по документирањето ќе биде поднмесена кривична пријава./МИА

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...