5.6 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаСе огласи синот на Амди Бајрам: Ни кажаа дека починал од мозочен...

Се огласи синот на Амди Бајрам: Ни кажаа дека починал од мозочен удар, а не од коронавирус – Татко ми заслужува достоинствен погреб

Вчера на 64-годишна возраст во клиниката „Филип Втори“ почина поранешниот пратеник и лидер на Сојузот на Ромите во Македонија, Амди Бајрам.

Во попладневните часови од клиниката на Жан Митрев беше потврдено дека Бајрам бил позитивен на коронавирусот.

Неговиот син Габриел во телефонски разговор за „Фокус“ вели дека на неговот семејство не им било кажано дека Бајрам е заразен, туку дека имал мозочен удар и веднаш им било предадено телото. Тој кажа дека сите кои дошле во нивниот дом да изразат сочувство и дека сите ќе ги почитуваат мерките и протоколите за време на погребот.

-Татко ми беше дијабетичар цели 20 години. Исто така одеше на дијализа, имаше повеќе здравствени проблеми. Два дена пред да почине, беше на дијализа, според процедурата, тогаш му беше направен корона вирус тест, а резултатот беше негативен.

Да се навратам на случувањата од последните денови.

Дента пред да почине, се беше во ред, никој не можеше да претпостави што не чека. Но, вчера, во околу 11 часот, мајка ми сакала да го разбуди, кога забележала дека устата му е помодрена, а тој бил во несвесна состојба. Поради дијабетесот со кој се бори долг период, сме имале слични случки, таа веднаш му измери шеќер, бројките покажаа 1,2. Повикавме брза помош, дојдоа, и заминавме право во клиниката на д-р Жан Митрев. По патот тој беше свесен.

Кога стигнавме во болницата, чекавме околу десет минути пред вратата на ургентното одделение, тогаш татко ми почина на носилката, пред влезот.

Внатре го внесоа веќе починат, а ние останавме да чекаме околу час или два.

Од она кое го знаеме, тој починал од мозочен удар, а не од корона вирус. Ни го дадоа телото од болницата, ние си заминавме дома да ги испочитуваме нашите обичаи – раскажа Габриел за „Фокус“.

Појасни дека не ни знаеле дека Амди е позитивен на вирусот, бидејќи тестот од пред два дена му бил негативен, но и покрај тоа, ги почитувале сите мерки за заштита.

-Покојникот сега е дома, овде сме најблиското семејство. Надвор, пред куќата дојдоа многу луѓе кои му оддаваат почит, сите се со заштитни маски и стојат на растојание. Така планираме да биде и на погребот. Амди Бајрам беше голем човек, кој остави големи дела за Ромската заедница зад себе, заслужува и достоинствен погреб – вели неговиот син.

Додаде дека нема место за обвинувања дека не се почитуваат мерките, бидејќи тие биле совесни луѓе, кои имале деца, внучиња, и не сакале ничие здравје да биде загрозено.

-Ова е нашата вистина, нам уредно ни го дадоа телото од болницата, ние не правиме ништо лошо, сакаме достоинствено да го испратиме покојникот. Ако треба да биде погребан во лимен ковчег, нека ни кажат, ние тоа ќе го сториме. Сите кои ќе дојдат, ќе ги почитуваат мерките-  изјави Бајрам.

Сојузот на Ромите излезе со соопштение дека погребот е закажан денес, во 14 часот во Али Пашината џамија, и во 15 часот на гробиштата во Бутел во Алеата на Великаните.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...