5.9 C
Ohrid
сабота, февруари 15, 2025
ПочетнаМакедонијаБитола: 11 семејства не можат да си влезат дома откако соседот легално...

Битола: 11 семејства не можат да си влезат дома откако соседот легално си го заградил дворот

spot_img

Урбанистички парадокс се случува во населбата Недопирливи во Битола – 11 домаќинства останале заглавени или со тесен пат низ кој не можат да поминат со возило, откако бил заграден дел од улицата кој со години го користеле за минување.

<

Соседот кој го заградил делот е сопственик на тоа земјиште и конечно одлучил да си ја оформи парцелата. За необичната ситуација не се виновни ни соседите, ниту сопственикот на земјиштето – таа е последица на урбанистичкиот хаос со непланска градба на објекти и преградување јавни површини кои подоцна законски се легализираат, притоа создавајќи тесни улички за приод кои некогаш минуваат и низ нечиј имот. Вакви примери низ Битола има многу, пренесува „Сакам да кажам“.„Прво подигна ѕид од еден метар, па него го прескокнувавме за да одиме од другата страна на улицата. Потоа го догради, стави огради, си ја загради парцелата. Сега не може ни преку ѕидот да се скокне. За да се мине понатаму мора да влегуваме низ вратата и дворот на еден друг сосед, но некогаш и таму е заклучено и не може ни да се оди до некои објекти и гаражи. Фиќото ми остана заробено во гаражата, не можам да го извадам. Луѓето во другиот сокак не можат ни дрва да си однесат, да влезат до куќите со возило, а не пак, не дај боже, да треба Брза помош или пожарна да дојде“, вели Зоре Чавдаровска, жителка на улица Пецо Божиновски.

Соседите велат дека просторот со децении се користел како улица бидејќи претходиот сопственик на имотот не го преградувал. Но, откако тој починал, наследниците ја дигнале оградата. Велат дека за отстапувањето на овој простор, општината своевремено му компензирала општинско место зад куќата за да ја остави улицата слободна. Од Општината нема потврда за компензацијата.

„40 години тоа беше пат, сега треба да одиме околу наоколу за да поминеме. Да ни направат поширок пат за да минуваме, да можеме потребите да си ги обавиме“, вели битолчанецот Цане Мреношки за СДК.МК .

Прочитајте те го целиот текст тука sdk.mk

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во Македонија ќе се одржи натпревар во јадење ќебапи – Наградата е 500 евра!

Натпреварот е можност за учесниците да ги покажат своите вештини и да се борат за главната награда, која изнесува 500 евра. Доколку уживате во вкусот...

Жена од Гостивар физички нападнала полицаец во кафана.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.Г.(26) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење...

Заев за Груевски: Колку треба човек да е забеган во умот да поверува дека градам кула во ДУБАИ.

Откако поранешниот премиер Никола Груевски на Фејсбук од Будимпешта изнесе тврдење дека експремиерот Зоран Заев „започнува изградба на кула од 82 ката во Дубаи“,...

Објава на Груевски: Заев гради кула од 82 ката во Дубаи вредна над 600 милиони евра

Поранешниот премиер Никола Груевски во објава на Фејсбук тврди дека Зоран Заев инвестира во изградба на кула со 82 ката во Дубаи, вредна над...