11.9 C
Ohrid
вторник, април 23, 2024
ПочетнаМакедонијаОграбена експозитурата на УНИ Банка во Скопје

Ограбена експозитурата на УНИ Банка во Скопје

Колку се безбедни македонските банки од крадци и вооружени банди?

Кон крајот на август, некаде пред крај на работното време извршен е вооружен грабеж од едно лице во експозитурата на Уни банка во Аеродром, а која се наоѓа веднаш до трговскиот центар „Капитол“.

Според информации на Македонски Весник грабежот е извршен со закана со огнено оружје – пиштол, од лице кое носело медицинска маска со цел да го прикрие својот идентитет.

Според неофицијални извори од благајната е одземен незначителен износ на кеш.

Оваа вест не беше објавена во ниту еден медиум бидејќи никој од првите луѓе на Банката не сака за ова јавно да зборува, но она што не натера подоцна да ја објавиме оваа информација е тоа што од денот на грабежот до денес полицијата го нема пронајдено сторителот, а не е познато ниту дали има осомничено лице.

Колку се безбедни македонските банки од крадци и криминалци?

Во последните неколку години зачестено се случуваат вооружени грабежи на експозитури на банки, а скоро и да нема ниту еден расветлен случај од МВР, каде што ќе биде пронајден сторителот/лите, ниту парите се враќаат.

Скоро секоја банка паричните средства на клиентите ги има осигурано во случај на грабеж и можеби менаџментот во банките не е толку загрижен за оваа појава, но се поставува прашање колку и дали се води сметка за вработените во банката. Стравот и стресот кои ти го преживуваат на работно место може да предизвика трајни последици кои нема сума што може да го надомести.

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ученикот кој претепа наставничка, од „Димо Хаџи Димов“ ќе биде префрлен во „Владо Тасевски“

Институциите, општината и основното училиште по претседателските избори ќе бараат решение за ученикот кој вчера претепа наставник и нападна ученици, а потоа беше приведен од...

19-годишник и малолетник завршиjа во полиција – Го прекршиле изборниот молк !!

Две лица од тетовско со лепење плакати за кандидат за претседател го прекршиле изборниот молк. Министерството за внатрешни работи информираше дека утрово во 01.05...

Боки вечерва повторно ќе УДРИ?! -Најавува вклучување во живо !!!

Боки 13 во поткастот „Лазаров“ зборуваше и за основањето на Меѓународен сојуз, но и за „1ТВ“. Зборуваше за функционерите, пришто кои ги обвини, за...

Осудените за „27 април“ кон Русковска: Доаѓа денот, тек допрва ќе си одговараш за својата работа.

Дел од осудените за „27 април“ јавно ѝ порачаа на обвинителката Вилма Русковска дека доаѓа денот, алудирајќи на денот кога ќе одговара за својата...