10 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаФилипче: Пациентот и да почине од друга болест ако посмртно на тестот...

Филипче: Пациентот и да почине од друга болест ако посмртно на тестот се докаже дека е позитивен на Ковид-19 се брои во таа статистика.

Министерот Венко Филипче во вечерашното гостување на телевизија Телма објасни дека една од причините зошто Македонија има висока стапка на смртност од корона вирусот е тоа што ги пријавуваат апсолутно сите пациенти кои починале, а биле позитивни на Ковид-19. Сите тие се бројат во таа статистика.

-Од самиот почеток ги пријавуваме апсолутно сите случаи. Се случува да дојде пациент со друга тешка здравствена состојба, тогаш да му биде направен и ковид тест, тој да почине и потоа да стигне резултатот и да биде позитивен. Ние го пријавуваме и тој случај. И кога некоја друга болест била директна причина за смртта, доколку пациентот бил позитивен на Ковид-19, ние го пријавуваме како смртен случај, рече Филипче.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...