6.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаПоранешниот шеф на Сашо Мијалков заработи 6 години затворска казна.

Поранешниот шеф на Сашо Мијалков заработи 6 години затворска казна.

Основниот кривичен суд Скопје, денеска ја објави пресудата за предметот познат како “Специјална каса”.

Како што е познато, за “Специјална каса” обвинети беа Тони Јакимовски и Стево Маџовски. Судот ги прогласи за виновни за кривичното дело “злоупотреба на службена положба и овластување” и ги осуди на казни затвор.

Тони Јакимовски, поранешен шеф на кабинетот на Сашо Мијалков, доби шест години затвор, а Маџовски на четири години затвор.

“Основниот кривичен суд Скопје денеска ја објави пресудата за предметот со КОК бр. 101/19 во јавноста познат како “Специјална каса” според која обвинетите Т.Ј. и С.М. ги огласи за виновни за кривичното дело Злоупотреба на службена положба и овластување по чл. 353 ст.5 в.в со ст.1 од КЗ и ги осудува на казна затвор и тоа: Т.Ј. на казна затвор во траење од 6 години во која казна му се засметува времето поминато во притвор, С.М. го осудува на казна затвор во траење од 4 години”, соопштуваат од Судот.

Судот утврдил дека обвинетите земале парични средства за потребите на касата за исплата на средства за посебни намени за УБК, но воедно утврдено е дека евиденцијата за потрошените парични средства се уништени заедно со документацијата за исплата, односно главната книга за евиденција без за тоа да постои посебно одобрение од директорот на Управата.

Против оваа пресуда осудените имаат право на жалба до Апелациониот суд.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...