6.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаЉубе Бошкоски не бил задоволен со платата од 55.000 денари, како советник...

Љубе Бошкоски не бил задоволен со платата од 55.000 денари, како советник на премиерот требало да зема повеќе !!!

Љубе Бошкоски советникот на премиерот Зоран Заев за странски инвестиции во фејсбук пост вели дека деновиве е во лов на странски инвеститори.
Во објавата Бошкоски всушност му одговара на прозивка на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за кој тврди дека го прозвал на прес конференција.

Канејќи го Мицкоски на ТВ дебата, Бошкоски вели дека патува на свој трошок, а не со платата како советник во Владата за која вели дека не е доволна за едно патување во странство.

“Hristijan Mickoski, деновиве слушам декa криејќи се зад други луѓе си ме прозвал на прес.
Ти одговарам подоцна, бидејќи синоќа во Загреб имав состанок со потенцијални инвеститори за обновливи извори на енергија, а денес сум вo Грaц нa сoстaнoк со можни инвеститори во градежништвото и инфраструктурата.
Сето го правам на сопствен трошок, бидејќи платата е недоволна за едно патување во странство, но тоа секако не ме спречува да работам за доброто на Татковината, без да побарам ниту денар дополнителни трошоци.
И тука ние се разликуваме – во моето дејствување и твоето, се сеќаваш, упорно, бесрамно и невистинито тврдење дека си бил само про-боно советник на Груевски, во време кога тој со над 90 советници трошеше 1,73 милиони евра народни пари.
Да е само тоа… Се сеќаваш, за темава, а и други битни нешта, уште пред речиси една година те пoвикaв нa ТВ дебата – пред целaтa мaкедoнскa јавност.
Па, охрабри се Мицкоски – излези нa дебaтa сo Љубе Бошкоски!
Можеби ќе останат изненадени членовите на ДПМНЕ зад кои сега се криеш.”

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...