8.9 C
Ohrid
вторник, април 23, 2024
ПочетнаМакедонијаБлагодарение на кинеската донација, дечињата на општина Гази Баба добија бесплатни таблети...

Благодарение на кинеската донација, дечињата на општина Гази Баба добија бесплатни таблети !!!

Кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо денеска на средбата со градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски, донираше 310 технички уреди за децата кои немаат како да ја следат онлајн-наставата. Општина Гази Баба соопшти дека е блиску до обезбедување на потребниот број таблети за сите ученици од ранливите категории.

Општина Гази Баба соопшти дека амбасадорот Џанг Ѕуо при посетата посочи дека двете влади соработуваа и пред глобалната пандемија. Тој рече дека вирусот не познава граници, но дека постои вистинска љубов која го грее светот.

Денес ги донираме овие таблети, во надеж дека ќе им помогнеме на децата, да ги надминат тешкотиите во овој тежок период, да продолжат внимателно со учењето и да напредуваат континуирано. Се надевам, наскоро, младите ќе прераснат во градители на просперитетот на Република Северна Македонија, и ќе бидат учесници во изградбата на пријателските односи меѓу Кина и Северна Македонија и соработници во изградбата на заедницата со заедничка иднина на човештвото, изјави амбасадорот Ѕуо.

Градоначалникот Георгиевски се заблагодари за донацијата од 310 таблети кои според него, ќе бидат од големо значење за учениците особено сега во состојба на пандемија, кога наставата во поголем дел учениците ја следат од дома и што ќе им излезат во пресрет на децата од социјално ранливите категории.

Вашиот чин е само уште една потврда за добрата соработка меѓу двете земји и за вашите заложби кон нашиот народ, особено кон најмладите. Нашата соработка како општина со Народна Република Кина очекувам да продолжи и во други области, изјави Георгиевски.

Оптината соопшти дека кинескиот амбасадор покажа интерес и за новата индустриска зона, која ќе нуди можност за лесна индустрија и комерцијални објекти и посочи дека општина Гази Баба ја гледа како идна локација за нови инвестиции на кинески компании.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Не го издржа притисокот: Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за Токсикологија.

Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за Токсикологија. Во статус на социјалните мрежи, Беќаровски порача дека е време на приватните клиники...

Универзална сала не е осигурана, осигурана е фирмата што ја реконструира салата

Не е точно дека Универзална сала е осигурана туку осигурана е фирмата која ја изведува реконструкцијата на салата во осигурителната компанија Еуролинк, а изјавата...

Боки 13: Сакам Лила да ја плукнам, ама не, мојата плунка е повредна од неа !!!

Боки 13 во поткастот наа Лазаров се осврна и на пријателството со Лила Филиповска за која кажа дека кога би ја сретнал, не би...

Малолетен учник претепал наставничка во скопското основно училиште Димо Хаџи Димов во Влае.

Малолетен учник под 14 години претепал наставничка во скопското основно училиште Димо Хаџи Димов во Влае. Насилниот ученик најпрвин нападнал неколку деца, а кога наставничката...