11.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаСинот на Амди Бајрам Габриел сепак се одлучи да се тестира, а...

Синот на Амди Бајрам Габриел сепак се одлучи да се тестира, а резултатите од тестот ги објави јавно !!!!

На денот кога Бајрам почина, неговиот син Габриел за Фокус, ги објасни деталите, бидејќи во јавноста почна да се шпекулира дека Амди Бајрам починал од Ковид-19. Тие како семејство не знаеле за корона, бидејќи Бајрам два дена претходно бил тестиран и бил негативен.

„Два дена пред да почине, беше на дијализа, според процедурата, тогаш му беше направен корона вирус тест, а резултатот беше негативен.

 

Дента пред да почине, се беше во ред, никој не можеше да претпостави што не чека. Но, вчера, во околу 11 часот, мајка ми сакала да го разбуди, кога забележала дека устата му е помодрена, а тој бил во несвесна состојба.

Поради дијабетесот со кој се бори долг период, сме имале слични случки, таа веднаш му измери шеќер, бројките покажаа 1,2. Повикавме брза помош, дојдоа, и заминавме право во клиниката на д-р Жан Митрев. По патот тој беше свесен.

Кога стигнавме во болницата, чекавме околу десет минути пред вратата на ургентното одделение, тогаш татко ми поч ина на носилката, пред влезот.

Внатре го внесоа веќе поч инат, а ние останавме да чекаме околу час или два. Од она кое го знаеме, тој поч инал од мозочен удар, а не од корона вирус“, рече Габриел за Фокус.

Појасни и дека не ни знаеле дека Амди е позитивен на вирусот, бидејќи тестот од пред два дена му бил негативен, но и покрај тоа, ги почитувале сите мерки за заштита.

Подоцна се утврди дека Бајрам сепак имал корона, а епидемиолозите најавија дека ќе ги бараат неговите контакти. Денес синот на Бајрам, на социјалните мрежи го објави својот наод од тесто за ковид, кој му е негативен.

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...