4.9 C
Ohrid
четврток, април 18, 2024
ПочетнаМакедонијаГруевски ќе се врати на чело на ВМРО ДПМНЕ!? (Видео)

Груевски ќе се врати на чело на ВМРО ДПМНЕ!? (Видео)

Груевски ќе се врати на чело на ВМРО ДПМНЕ. Целата операција со носењето на Мицкоски на чело на партијата на Конгресот во Валандово беше операција контролирана од Груевски, а крајната цел е еден ден тој да се врати на чело на партијата.

Ова во вечерашната емисија Во Центар која се емитува на youtube каналот Vasko Eftov, го изјави првиот човек на партијата Интегра, Љупчо Ристовски. Според мислењето на Ристовски, Груевски има инструменти како да го контрилира Мицкоски. Тоа најдобро се виде кога се составуваа листите за пратеници за изборите на 15 јули а на тие листи не беше името на Христијан Мицкоски.

На сите погрешни политики на владата на Зоран Заев, Христијан Мицкоски има уште полош одговор. Тоа е дел од договорот меѓу Зоран Заев и Никола Груевски и е дел од пакетот за бегство на Груевски во Бидимпешта, вели Ристовски.

Ристовски вели дека има судски спор со Мицкоски, односно дека е тужен од лидерот на ВМРО ДПМНЕ за неговата изјава дека Мицкоски му рекол-јас сум уценет човек и немојте да сметата на мене во врска со протестите за одбрана на името.

Еве јас сега ја повторувам таа изјава вели Ристовски. Мицкоски во присуство на уште една личност буквално ми изјави дека е тој уценет човек, но дека исто така му е уценето и семејството, вело Ристовски во вечерашната емисија Во Центар.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Истепан вработен во ЕВН во Сарај.

Во текот на вчерашниот ден во 15.00 часот во СВР Скопје, Д.Б.(38) од с.Кадино, општина Илинден, пријавил дека во с.Глумово, општина Сарај, при извршување...

Пендаровски: Најмалку тројца владици во Синодот на МПЦ под руско влијание, но немаме докази дека се шпиони на руската федерална служба

Во изминатите неколку години, Македонија протера 18 руски дипломати, т.н. дипломати кои беа руски шпиони. Тоа беше направено во содејство со службите од кои...

Грејната сезона во Македонија продолжува поради временските услови

АД ЕСМ ги информира потрошувачите приклучени на системот за централно греење со кој управуваат компаниите формирани од АД ЕСМ, како и подружницата „Енергетика“, дека...

Скафандерот стана дел од мене, уште го чувам – вели Костадиновска-Стојчевска

Тој скафандер стана дел од мене, го чувам и ќе ми дозволите да ви кажам од кои причини го чувам. Јас бев две години...