1.6 C
Ohrid
среда, февруари 12, 2025
ПочетнаМакедонијаТрамп- „Нашите доктори земаат повеќе пари ако некој умре од ковид па...

Трамп- „Нашите доктори земаат повеќе пари ако некој умре од ковид па велат дека сите умираат од тоа

spot_img

„Нашите доктори земаат повеќе пари ако некој умре од ковид. Го знаете тоа, нели?“

<

На предизборен митинг во Мичиген, американскиот претседател Доналд Трамп рече дека докторите намерно ги зголемувале бројките на починати, само да земат повеќе пари. Ова е изјава после денот во кој Светот броеше повеќе од пола милион случаи на Ковид-19, што е најголем број од почетокот на пандемијата.

„Нашите доктори земаат повеќе пари ако некој умре од ковид. Го знаете тоа, нели?“, рече Трамп.

„Знам дека нашите доктори се многу паметни луѓе. Па така, тие велат ‘Жал ми е, но сите умираат од ковид’“, истакна Трамп пред своите приврзаници, пренесува „Си-Ен-Ен“.

Тој напомена дека во Германија и во некои други земји доколку има двоумење, не се пишува дека пациентот починал од Ковид, за разлика од САД.

„Во Германија и на други места, ако имате срцев удар или ако имате рак, ако фатите ковид, тие ќе речат дека сте умреле од рак или од срцев удар. Кај нас, ако се двоумат, избираат ковид. Вистина е, ужасно е, ама е вистина. Отприлика добиваат 2.000 долари повеќе.“, додаде американскиот претседател.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Најверниот пријател на Фросе, кученцето Аја- секојдневно ја чека да се врати.

Аја сеуште те чека мила Фроси да се вратиш, да ја прегрнеш, да ја измилуваш, среќни да се прошетате и да си разговарате на...

Пожарникарот Александар започна хуманитарна акција за помош на семејството на Игор Југ.

Од денес како хуманитарна организација ќе се ангажирам и ќе покушам колку што можам да му помогнам конкретно на семејството на Игор Југ без...

Владата ќе го разреши државниот јавен обвинител.

Портпаролката на Владата, Марија Митева на денешната прес-конференција информираше дека Владата го задолжила, Министерството за правда да поведе постапка за разрешување на државниот јавен...

Мухамед Зекири се прости од убиениот во Чаир: Го загубивме нашиот најдобар пријател, брат и син

Екс генералниот секретар на владата на Заев Мухамед Зекири преку социјалната мрежа Фејсбук се прости од убиениот во ноќешната престрелка во Чаир и откри...