8.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаНа наставниците што работеле прекувремено треба да им се плати

На наставниците што работеле прекувремено треба да им се плати

Училиштата што имаат доказ за надминување на часовите, согласно Законот за работни односи, треба да ги исплатат прекувремените работни часови, изјави министерката за образование и наука Мила Царовска откако Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) побара директорите на основните училишта да им ги исплатат прекувремените работни часови на наставниците.

– Тоа треба да си го решат локалната единица на Синдикатот и директорот на училиштето. Ве уверувам дека нема голем број училишта каде што имаме надминувања на бројот на часови – рече Царовска.

Таа додаде дека МОН овој месец упатило писмо до сите училишта и до Државниот просветен инспекторат за можностите што му се нудат на секое училиште во случај да има потреба од дополнителен кадар или дополнително ангажирање на постојниот кадар.

Царовска рече дека според последната статистика, 60 ученици и 160 наставници кои се со физичко присуство во училиштата се активни на Ковид-19, а тоа не е ниту 1% кај учениците и наставниците.

– Тоа значи дека нема ширење на зараза во училиштата. Сè додека не се создадат услови за затворање, ние би останале на овој модел. Има можност за заменски наставници во секој момент доколку се случи позитивен наставник, а наставниците можат да продолжат да одржуваат настава онлајн во случај да се изолира целото одделение – рече Царовска.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...

Се истепале професорки во средно училиште во Битола

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., соопшти МВР. Од...

Се огласи Паљото од Битола: Лажно сум пријавен дека сум пукал со воздушна пушка во бездомно куче од тераса

Зоран Лазаревски – Паљо, познат фитнес тренер и бодибилдер, како и поранешен кандидат за градоначалник на Битола, за „Слободен печат“ вели дека лажно е...

Малолетно момче заедно со неговиот татко натепале полициски службеници со метален предмет !!

Шеесет и четиригодишен кумановец и неговиот малолетен син биле приведени вчера откако со метален предмет нападнале полициски службеници. На 18.04.2024 во 00.35 часот во Куманово,...