14.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаСветПродавајќи го мајчиното млеко заработила 19.300 евра, за време на корона кризата...

Продавајќи го мајчиното млеко заработила 19.300 евра, за време на корона кризата !!

32- годишната Џули Денис од Флорида дошла до одлична идеја за тоа како да заработи во време на пандемија, кога речиси секое семејство се соочува со финансиски проблем.

Џули е мајка на две деца, која можеби многумина ја осудуваат поради нејзиниот гест, но сепак таа се обидела да заработи. Имено станува збор за бизнис во кој таа го продава сопственото млеко.

Верувале или не, таа од продажбата на сопствено млеко за време на оваа финансиска криза која го зафати целиот свет, досега има заработено 19.300 евра, објави Мирор.

Таа продава 28 грама млеко за 90 американски центи на семејства чии мајки не можат да имаат природно млеко.

„Не е сè во парите, сакам да им помагам на луѓето кои имаат потреба, но секако она што го заработувам е голем плус за моето семејство и мене“, рече Денис.

Имено оваа мајка е вработена како професор во средно училиште, а бидејќи училиштата насекаде низ светот се најпогодени од коронакризата, бидејќи се соочија со принудно распуштање, Денис на оригинален начин успеала да заработи.

 

Како дошла до оваа идеја?

Бидејќи е сурогат мајка, по шест месеци сфатила дека на детето не му треба млеко, па решила да ја продаде скапоцената течност.

Зошто мајчино млеко наместо адаптирано?

Иако можеби многумина би ја осудиле за ваквата постапка, сепак оние мајки кои не можат да го дојат своето дете попрво се решаваат да купат мајчино млеко од друга доилка, отколку да се одлучат за адаптирано млеко.

Тоа е така бидејќи мајчиното млеко не може да се замени со ниту едно друго.

Тоа е најздрава, природна и органскa храна. Мајчиното млеко полесно се вари,тоа е чисто без никакви конзерванси и затоа е најсоодветно за бебето.

Ваквото млеко наспроти адаптираното речиси никогаш не создава грчеви кај бебиња или пак исипи и запек.

 

Бебињата кои конзумираат мајчино млеко многу побрзо напреднуваат и добиваат во телесна тежина. Тие од мајчиното млеко примаат антитела кои го зајакнуваат нивниот имунитет и стануваат поотпорни на инфекции

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...

Ангелов: Ако победи СДСМ би работел за нив и како експерт, ама за плата од 5.000 евра

Прашан дали, ако СДСМ победи на изборите, ќе го напушти ВМРО-ДПМНЕ и ќе се врати во СДСМ, Стојанче Ангелов, претседателот на партијата „Достоинство“ синоќа...

Илија Јовановиќ: Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?!

Дома СКОПСКА СКОПСКА Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?! Од страна на Вечер -27/03/2024 - 15:08420 Илија Јовановиќ, претседател на здружението „Градиме...