13.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаСтрумичката болница од утре ќе добие комбе додека го чека новото амбулантно...

Струмичката болница од утре ќе добие комбе додека го чека новото амбулантно возило !!!

Со силна посветеност, со многу разговори, разбирање за состојбата во која се наоѓаме и интензивната борба со коронавирусот, заедно со директорот на болницата во Струмица, Наќе Гогов, со Дирекцијата за управување со кризи, утре обезбедуваме санитетско комбе за струмичката болница, информира пратеникот од СДСМ, Костадин Костадинов, кој вчера по апелите на Гогов за донација од граѓаните за итно да се купи амбулантно возило за потребите на пациентите заразени од ковид-19, напиша дека за два месеци ќе се обезбеди возилото.

„Ова е дополнително возило од веќе обезбеденото кое го очекуваме до декември. Разочаран сум што опозицијата наместо да помага, прави се за да буквално одмогне во оваа криза. Секако за тоа најдобро ќе судат граѓаните. Проблемите ги решаваме многу брзо, се грижиме и преземаме одговорност. Само со посветена и неуморна работа, можеме и мораме да ги решаваме проблемите кои се натрупани со години наназад“, напиша Костадинов на својот профил на Фејсбук.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Филипче: Сум работел во АВТОПЕРАЛНА и од таму ми е љубовта кон моторите и автомобилите !!!

Познатиот неврохирург д-р Венко Филипче, раскажува за првата посета на операциона сала, како ученик во средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“. Во „Неформално“ на Сител...

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...