10 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаВело Маркоски до Филипче: Министре го преспавте цело лето, не можеш ти...

Вело Маркоски до Филипче: Министре го преспавте цело лето, не можеш ти да се носиш со оваа пандемија, затоа предлагам нова комисија !!

Почитуван министре, ќе бев најсреќен ако Македонија се справуваше со КОВИД-19 пандемијата барем слично како државите од соседството. Паметите ли дека сите заедно ( цел народ) Ве поддржуваше во почетокот и на секоја ваша изјава (ги имаше по две секој ден) се радувавме како на дете што го направило првиот чекор, надевајќи се и верувајќи дека како држава ќе излеземе подобро од сите. На бројни настапи и јас се обидував да помогам најдобронамерно, не затоа што сум најпаметен, туку поради чувство на патриотски долг кон татковината која се соочува со голема опасност, респираторна болест за која јас ( но и јавноста) сметав дек можам да помогнам поради мојата супспецијалност во работа со респираторни инфекции. Во тоа време направивте дрим тим за пресадување на срце, па си викавме кај да е сега ќе направи и дрим тим за справување со пандемијава. Но као поминуваше времето се појасно стануваше дека освен вашата речитост поткрепена со ПР агенции дека не сте многу расположен за вистински резултати. Многу бргу почнавте да ја злоупотребувате пандемијата за различни цели. Многу бргу уште во мај месец (многу пред да влезам во ИК на ВМРО ДПМНЕ) почнавте со дискредитации кон мене ако дадев изјава која не ви одговараше“, стои во Фејсбук статусот на професор доктор Вело Марковски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Почитуван министре, го преспавте цело лето, и сигурен сум дека веќе не можете да се носите со оваа пандемија, поради тоа предложивме нова комисија, владина, а не на опозицијата, комисија која Ќе биде составена само од експерти и само за справување со КОВИД-19 пандемијата. Од за мене нејасни пирчини тоа го доживеавте како личен напад, како навреда. После тоа следеше прес коференција во која Ви посочивме 12 (иако ги има многу повеќе) причини зошто треба да оставите некој друг да проба да ги исправа работите. На сите 12 причини одговоривте со навреди, дискредитации, карактерни особини… Се дадовте на анализа на мојата сопруга, која за разлика не е јавна личност. Не помисливте дали навредувате, дали имам деца, како сите напади влијаат на нив, и тоа затоа што изнесувам стручни ставови, ниеден став не е личен мој, туку изваден од досегашните научни сознанија. За жал во овој период разочарувачко е сознанието дека живееме во систем на завист, необјективност, омраза и малограѓанштина. Не видов медиум, интелектуалец, новинар, здружение, унија на жени, партија… да ги осуди нападите и дискредитациите на членови на моето семејство, пишува професорот.

– Сега за невистините. Сум рекол дека ќе нема есенски бран, не министре не реков дека ќе нема, туку само прашав во мај месец од каде и како знае Венко дека на есен ќе има втор бран. Полсе тоа следеше одговор од Ваша страна дека можеби и ќе нема. Повторно те прашувам министре, како и од каде знаеш дека во јануари ќе имаме епидемија со грип. Пак ли бинго и лутрија со здравјето на сите нас. Ако ја почитувате науката и принципите наназад 30 години на министерството во кое сте прв човек, ќе вакциниравте во октомври. Вие во емисијата кажавте дека така Вие сте процениле дека е најдбро во ноември да вакцинирате. Вие сам или вашата комисија. Нека се појават со име и презиме тие што решиле дека ќе се вакцинираме за грип во ноември. Сам да ви кажам, што вели науката, епидемиите со грип во последните 50 години биле помеѓу декември и мај. Најмалку две недели се потребни за заштитни антиела. Треба да вакцинираме барем 40.000 како секоја година. Кога и со каква вакцина (мислам дека сега и неможете да најдете квалитетна вакцина на пазарот, требаше да набавите/нарачате во мај или порано. Друг пат ќе објаснам што ќе се случи ако некој го поминал грипот а ние му дадеме вакцина. Второ, сум велел дека маските на отворено се штетни. Да министре, маските носени на отворено и сам се штетни, најдете еден доктор што ќе објасни дека не се штетни. И трето ПЦР тестовите, да министре не се за масовен скрининг, даваат голем процент на лажно негативни и лажно позитивни резултати. Впрочем искуствата на луѓето нека кажат дали е така. Се подсмевавте дека сум барал серолошки скрининг, замислете кога сме имале мал број на заболени. Сега, како мал број заболени, а карантин прогласивте. И што беше надвор од науката предлогот да ги тестираме децата дали имаат или не антитела, јас ќе го направев тоа во мај и јуни, за да бидам спремен за школската година.Сега околу неколку невистини кои ги кажавте а не се врзани за мене. Вие сте погодиле дека првиот бран ќе заврши со 2000 позитивни??? Сега ако завршил првиот бран на 26 мај, што беше после тоа, втор бран, цело лето. А сега трет бран ли е. Решете се, ако ова е втор бран сега (есенва) а првиот завршил во мај цело лето сте не држеле во некоја припрема, нешто како кондиционен тренинг. Потоа за респираторите, во бројни научни списанија (истите што ги спомнавте) смртноста кај пациенти поставени на респиратор е од 25-70 %, во трудови со по илјада пациенти ( иако има и трудови каде што има и повисока смртност). Спомнавте дека не е добро да се рачуна морталитет (смрт од одредена болест на 1000 жители – за полесно сите светски платформи изразуваат смртност на милион жители. По реално било да се смета леталитет (број на умрен од заболени). Ако сметаме морталитет имаме највисока смртност на милион жители во светот во полседниве 6 месеци. Но, ако сметаме леталитет од 32.000 позитивни, според вашите извештаи негде околу 20 % се болни односно се со симптоми, тогаш загрижувачки ќе добиеме негде 20 % смртност (5-6.000 болни а над 1.000 умрени), дециден е тој.

– Понатаму секаде била ваква смртноста. Не господине министре, нигде во светот. Ги анализирав осумте држави со повисока смртност од нас на милион жители но со пресек после 1 јуни 2020 година. Нигде веќе нема висока смртност, извлекоа поуки, направија доктрини, се спремаа. Еве ви примери: Шпанија до 1 јуни имала 265.932 позитивни и 28.058 умрени (околу 12%). Англија-250.347 а 37.529 умрени (околу 15 %), Италија од 233.200 умрени 33.568 (околу 14%). Последниов месец Шпанија има по околу 17.000 позитивни дневно и само по околу 150 умрени, со помалку од 1 % умрени се и Англија (26.000 дневно/250 умрени), Франција (40-50.000 дневно со 250-400 умрени дневно), Италија со по околу 17.000 позитивни и во просек сега со по 150 умрени, Белгија 12.000 позитивн околу 100 умрени на ден. Шведска со по 1.500 позитивни на ден и со по средно 5 умрени на ден е со најнизок процент. Како е кај нас, од средно 700 нови случаи дневно, бележиме во просек од 15-20 умрени дневно. Тоа е тоа што не загрижува, не бројот на ново инфицираните и/или позитивните. Загрижува високата смртност која е најмалку за еднаш повисока од сите европски земји. Или ако во Европа умираат помалку од 1% кај нас повеќе од 2 %. Значи министре со мерки кои ќе беа навремени, со лекување, доктрини, симпозиуми, организација, ние пак ќе имавме по 700 болни но ќе имавме по 7 умрени. Страшно е само да се помисли ако го задржиме истиот процент на умрени а ако бројот на позитивни порасте на 3-4.000 дневно (што е реалност) што ќе се случува. Еве затоа сметам дека повеќе вас не може и не треба да Ви се помага, туку да се донесе нов тим, час поскоро. Вашите методи и научни сознанија дека вирусот се дига по тепих кога одиме доведоа до ваква состојба.
И уште нешто, сакам да Ве прашам, дали ако јас се разболам сум безбеден во вашите институции. Дали ако се разболе некој од раководството на ВМРО ДПМНЕ е безбеден, оти од емисијата се добива впечаток дека вие мразите и дека сте министер на сите освен на тие што ве критикуваат или се членови на ВМРО.
И една голема молба до Вас министре, можете да ме дискредитирате, исмевате, навредувате, да ме мразите мене, ама оставите ги моите блиски настрана.
П.С. во видеото со папагалот сте вметнале еден фрагмент од снимка за која не знам каде е направена, министре ако ме следите, зошто го правите тоа, која е целта, треба ли да се плашам за мојот живот. А ако некој друг ме следи поради нешто друго, како смеела да се најде таа снимка кај Вас. Омразата е лоша работа Венко, многу лоша, вели проф. доктор Вело Марковски.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...