13.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаВладата донесе одлука: Се скратува работното време на угостителските објекти и на...

Владата донесе одлука: Се скратува работното време на угостителските објекти и на бензиските пумпи до 21 часот.

Владата на денешната седница донесе одлука за скратување на работното време на угостителските објекти до 21 часот, како и одлука за забрана на групирање на повеќе од четири лица на јавен простор по 21 часот. Се препорачува граѓаните по 21 часот без поголема потреба да не се движат на јавен простор.

-Владата на денешната седница донесе одлука за нови мерки за спречување на ширењето на коронавирусот: се скратува работното време на угостителските објекти до 21 часот, освен за достава и шалтерска продажба на храна. Оваа одлука важи и за угостителските објекти на бензинските станици , а исклучени се угостителските објекти на ТАВ аеродромите во Скопје и Охрид, напиша премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил.

Тој додава дека на седницата била донесена и одлука за забрана за групирање на повеќе од 4 лица на јавен простор после 21:00 часот.

Владата усвоила и препорака за сите домашни и странски граѓани на територијата на Македонија, после 21 часот да не се движат на јавен простор доколку немаат важни и неопходни потреби.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Филипче: Сум работел во АВТОПЕРАЛНА и од таму ми е љубовта кон моторите и автомобилите !!!

Познатиот неврохирург д-р Венко Филипче, раскажува за првата посета на операциона сала, како ученик во средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“. Во „Неформално“ на Сител...

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...