3.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаЕден од терористите во Виена е албанец од Македонија

Еден од терористите во Виена е албанец од Македонија

Главниот уредник на австрискиот неделник „Фалтер“, Флоријан Кленк сподели информација дека еден од терористите кои синоќа во Виена извршија напад, при што убија четворица минувачи, а ранија најмалку 15 луѓе, е Албанец кој израснал во Австрија, а неговите родители се со потекло од Македонија, пишува „Ројтерс“..

Кленк  на Фејсбук напиша: „Направив истражување за терористите. Неговото име е Куртин С., роден во 2000 година. На возраст е од 20 години. Роден и израснат во Виена, а има албански корени.  Неговите родители се од Северна Македонија и не биле свесни за исламистичките погледи на синот. Момчето пак, било на радарот на властите како еден од околу 90 австриски исламисти кои сакале да заминат за Сирија. Тој во јули бил спречен да го направи тоа. Полицијата не сметала дека тој може да изврши терористички напади во Виена“, пишува Кленк.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Охриѓанецот Давид Крстески е нашиот херој од последното Европско Таеквон-до ИТФ првенство освојувајќи бронзен медал во борби

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација од 15-ти до 22-ри април 2024, учествуваше на Европското Таеквон-до ИТФ првенство кое се одржа во Копер, Словенија. На ова...

Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест- Се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици

- Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест, се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици кои ги чуваат – ...

73 годишен Тетовчанец, ја затворил снаата во соба и ја тепал.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.К.(73) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ при семејно насилство и...

Ученикот кој претепа наставничка, од „Димо Хаџи Димов“ ќе биде префрлен во „Владо Тасевски“

Институциите, општината и основното училиште по претседателските избори ќе бараат решение за ученикот кој вчера претепа наставник и нападна ученици, а потоа беше приведен од...