6.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаСе огласија од кабинетот на Филипче: Видеото со папагалот беше пародија кај...

Се огласија од кабинетот на Филипче: Видеото со папагалот беше пародија кај што вика ”Оставка, Оставка” го повлековме од почит кон граѓаните

Во денот кога Македонија регистрира над 40% позитивни од бројот на тестирани и во периодот кога Македонија ги руши сите коронавирус рекорди, Министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил објави видео на кое е прикажан папагал кој извикува: Оставка, оставка, оставка, алудирајќи на барањата на опозицијата за итна оставка од негова страна.

Видеото беше целосно наменето за опозициската ВМРО-ДПМНЕ а за истото пренесоа поголем дел од медиумите. Сепак, по кратко време, видеото не можеше да се најде на неговиот фејсбук профил односно истото беше избришано

Од кабинетот на министерот соопштиле дека видеото е пародија на неоснованите критики на опозицијата кон неговата работа како министер за здравство во време на светска пандемија.

„Сепак заради дел од коментарите на граѓаните кои сметаа дека содржината е несоодветна, со сета почит кон нив, видеото е повлечено. Но, неговиот став кон неконструктивната критика од опозицијата за неговата работа и работата на Комисијата за здравство останува. Во вакви услови, без разлика на политичката опција, секој има одговорност“, одговориле од МЗ.

Од опозициската ВМРО реагираа на повлеченото видео и соопштиле дека власта на СДСМ без никаков срам се фали дека обезбедува средства за справување со здравствените и економските последици од пандемијата.

Според нив, неодговорно е тоа што министерот наместо да спасува животи објавува пародии и видеа со папагали.

„Да Венко, 1.000 причини зошто, 1.000 причини затоа за ОСТАВКА! Додека бележиме двоцифрени бројки на починати лица ти се забавуваш на социјалните мрежи. Џим Кери видео на ден во кој бележиме 21 починато лице е одлика на министер? Желен за власт, желен за лајкови, заробен во својата суета сееш ароганција и омаловажуваш. Залудно бришеш, очајот е трајно запишан“, изјавила Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

Извор: Локално.Мк

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...

Се истепале професорки во средно училиште во Битола

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., соопшти МВР. Од...