9.4 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаДедото на Кујтим: Доаѓаше секоја година, но никој не знае што правел...

Дедото на Кујтим: Доаѓаше секоја година, но никој не знае што правел во неговиот стан

Вооружениот напаѓач, кој уби четири лица во понеделникот вечерта во Виена, ја посетувал својата татковина, малото планинско село Челопек во западниот дел на Македонија, изјавил неговиот дедо.

Семејството на Кујтим Фејзулаи, 20-годишниот џихадист кој беше убиен од полицијата по неговото дивеење низ австриската престолнина, живеел во куќа зад ‘рѓосана зелена порта во село со неколку џамии, пред да се пресели во Австрија во 2000-та година.Исламски свештеник од селото, Нури Гани, рекол дека е запознаен со семејството Фејзуали.

„Го познавам неговото семејство и секој овде зборува добро за семејството. Дури денеска дознавме дека едно лице од тоа семејство било вмешано во тероризмот. Сакам да кажам дека тероризмот нема никаква врска со исламот“, рекол Гани.

Неговиот дедо за „Клан Македонија“ рекол дека немал контакт со семејството веќе шест месеци. Тој додал и дека Кујтим секоја година доаѓал во Македонија со своето семејство.„Секако! Секоја година доаѓаше со семејството. Вообичаено доаѓаше во станот на мајка му и татко му, но имаше свој стан. Е, сега никој не знае што правел таму во неговиот стан“, изјавил неговиот дедо за „Клан Македонија“

Klan Tv

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...