14.9 C
Ohrid
вторник, април 16, 2024
ПочетнаМакедонијаПратеници отишле пијани во Македонскиот Парламент??

Пратеници отишле пијани во Македонскиот Парламент??

Инцидент со мирис на алкохол се случил вчера вечер во Собранието откако завршила ноќната координација што ја враќа во игра старата идеја за воведување контрола на алкохолниотстатус на пратениците пред седницита. Пишува Експрес.МК
Според пратеници од повеќе партии од вчера од доцната координацијата во кабинетот на спикерот Џафери прилично “весели” се вратиле двајца пратеници на од кои едниот врши собраниска функција.
Според очевидци едниот пратеник со викање и гласно шеги правел свое “шоу” во
делот од салата каде што е седи пратеничката група на ДУИ.
Другиот поискусен весел пратеник користел војничка реторика, се фалел дека е
“пешадинец” а кога ги цитирал членовите на Деловникот на Собранието во војнички
стил ги нарекувал “чекори”.
Во салата настанала општа смеа но пратениците кои го потврдуваат алкохолниот
инцидент велат дека ситуацијата била тажна затоа што на највисокиот законодавен
дом не му прилега мирис на алкохол на седниците и детско односно пијано
однесување на пратениците без разлика од која партија се тие.
“Собранието е како пара-парламентарна дружина под водство на паракомандант”,
коментира еден од пратениците кој заедно со колеги пратеници од позицијата и
опозицијата се обидел да укаже на погрешниот начин на комуникација во Собранието
но без успех.
Предходно во Собранието се случи инцидент кога спикерот Џафери го повика
обезбедувањето чии членови требало да го тргнат координаторот на пратеничката
група на ВМРО-ДПМНЕ Мицевски од говорницата но сведоците не можат да потврдат
дека во оваа ситуација бил инволвиран алкохол.
Едно од можните решенија за да се избегнат инциденти во иднина, предлагаат
пратеници, е обезбедувањето да добие таканаречени “дрегери” за проверка на нивото на алкохол во крв за да може да се проверува дали некој од пратениците е  пијан на седница..

Извор:Експрес.МК

Дојде ли време пратениците да “дуваат” дрегер пред седница?

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Влада: 24 април и 8 мај се неработни денови, се препорачува и приватниот сектор да не работи

Деновите кога ќе се одржат изборите за претседател на Македонија и за пратеници во Собранието се прогласени за неработни денови за сите граѓани на...

Пецаков уште еднаш им одговори на сите што сакаат да го оцрнат предизборно !

🗣Со оглед на тоа дека бев прозван од некои иницијативи и медиуми во врска со изградба на хотел во месноста Горица, а во интерес...

Голема акција во Идризово: Уапсени 17 затворски полицајци, веќе се однесени во Суд

Во голема акција во затворот Идризово утрово, уапсени се 17 припадници на затворската полиција, кои веќе се во Суд. Акцијата ја води Обвинителството за организиран...

О2: Мијалкови започнаа да градат луксузен хотел во Охрид, уништена шума стара 70 години

Во Охрид, над Горица 3 започнува градба на хотел, а за таа цел е унишена стара шума над 70 години која ја засадиле жители...