4.9 C
Ohrid
четврток, април 18, 2024
ПочетнаМакедонијаЗдравството се мобилизира: На сите вработени во овој сектор им се забранува...

Здравството се мобилизира: На сите вработени во овој сектор им се забранува користење одмор или ”боледување” !!

Здравството се мобилизира. На сите вработени во овој сектор им се забранува користење на годишен одмор, платени и неплатени отсуства. Ваква наредба е испратена до сите здравствени установи откако одлуката на Владата беше објавена во Службен весник. Според информации на Сител на некои медицински лица од Клинички им било кажано дека не можат да користат ниту боледувања, ниту слободни денови за приватни обврски, а дополнително по потреба ќе им биле зголемени часовите за дежурства.

Со владина одлука се стотираат и специјализациите и субспецијализациите на сите вработени во Здравствен дом Скопје и истите да се вратат на своите работни места. По реакцијата на околу 250 приватни специјализанти дека немаат здравствено осигурување, а треба да лекуваат ковид пациенти министерот за здравство изјави дека ќе иницирале законски измени за да се реши овој проблем.

Филипче уште еднаш предупреди дека сериозна е ситуацијата со корона вирусот и апелираше до граѓаните да бидат внимателни.

-Ситуацијата е сериозна, апелирам на почитување на мерките, да не се излегува од дома ако нема потреба, само до маркет, работа или училиште. Само солидарни можеме да се справиме со оваа криза, вели Венко Филипче, министер за здравство.

По зголемување на бројот на пациенти на кои им е неопходна хоспитализација и исполнетоста на сите кревети на инфективна и во модуларната болница, Филипче најави дека од утре на располагање ќе бидат дополнителни 150 кревети на интерните клиники на Гастро, Очно, Неврологија.

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка.

На 48 годишна возраст почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка, соопшти неговиот клуб LOWLANDERS MC MACEDONIA на социјалните мрежи. – Почина Тони Шипка, човек кој...

Традиционално од Света Петка Велгошти, ВМРО ДПМНЕ ја започна парламентарната кампања.

Огромен број граѓани вечерва присуствуваат на големиот народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид од каде партијата традиционално ја започнува кампањата за парламентарните избори. Кандидатите за...

Ковачевски најавува победа со над 61 пратеници на парлементарните избори

СДСМ и Коалицијата за европска иднина ќе добијат голема поддршка од граѓаните и ќе ја формираме новата Влада која најдоцна до 2030 година ќе...

Да беше жив, денес ќе славеше 73 години !!

Ќе наполнеше 73 години Роден на 19 Април 1951та во Скопје! Беше еден од најкреативните, најталентираните и најшармантните актери во Македонија! Беше еден од ретките,...