15.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаМакедонската кошаркарска легенда Атниќ проговори за разводот: ''Подобро развод отколку лош брак''

Македонската кошаркарска легенда Атниќ проговори за разводот: ”Подобро развод отколку лош брак”

Македонскиот кошаркарски ас Перо Антиќ, прват по долго време проговори за разводот со неговата поранешна сопруга и за новата љубов.

Антиќ во интервју за „Репортер“ говорел и за почетоците на својата кошаркарска кариера, за неговите падови и успеси.

„Когаш почнав да играм кошарка Марин Докузовски ме избрка од првиот тренинг затоа што сум доцнел. Тогаш по 80 деца како лубеници нè избираа кој го бидува а кој не. Еден ден стигнав да играм во НБА, ама она што го направивме со Македонската репрезентација во 2011 е нешто на кое најмногу се гордеам. И тогаш го истетовирав македонското знаме на градите“, вели Перо Антиќ,

Инаку Перо Антиќ зад себе го има бракот со Ружица со која што има три деца, а сега јавно прозборе за тоа, тој вели:

„Подобро добар развод отколку лош брак. Не беше лесно да им објасниме на децата. Но, тие се најважни и тоа може да се смени“.

Тој првпат ја прокоментирал и неговата нова љубов, за која што изјави: „Навистина сум среќен“.

Антиќ има што да зборува за својот живот и искуствата од истиот, од развод до нова љубов, од повикот за да му кажат дека ќе игра во НБА и зошто беше уапсен во Њујорк…

Погледнете го видеото:

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Уапсен Охриѓанец- Го фотографирал гласачкото ливче

Полицијата во Охрид го приведе А.И.(48), затоа што го фотографирал гласачкото ливче на избирачкото место 1271 во Охрид. По целосно документирање на настанот, против него...

Пецаков: Денес му оддаваме достојна почит на охридскиот револуционер Христо Узунов, кој со својата голема храброст остави неизбришлив печат во македонската историја

Денес му оддаваме достојна почит на охридскиот револуционер Христо Узунов, кој со својата голема храброст остави неизбришлив печат во македонската историја и беше еден...

На гласачко место во Скопје пронајдена испукана димна бомба !!!

Министерството за внатрешни работи досега нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, кое, генерално, се одвива мирно, без...

Тошковски: Безбедносната состојба стабилна, нема никакви нарушувања во изборниот процес

Безбедносната состојба е стабилна. Нема никакви нарушувања во изборниот процес. Немаме забележано никакви посериозни нарушувања во изборниот процес, изјави денеска техничкиот министер за внатрешни...