4.9 C
Ohrid
четврток, април 18, 2024
ПочетнаМакедонијаПочина поетот и новинар Панде Манојлов

Почина поетот и новинар Панде Манојлов

На 72 годишна возраст почина Панде Манојлов, поет, новинар и битолски хроничар.

Манојлов е роден на 2 мај 1948 година во с. Породин, Битолско. Средно образование завршил во Гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Битола, студирал правни науки во Загреб и Скопје каде што и дипломирал.

Во македонската литература се појавува во 1967 година, објавувајќи свои песни во тогашните весници „Студентски збор“, „Млад Борец“, „Трудбеник“ и „Нова Македонија“, како и во битолското списание за литература, култура и општествени прашања „Развиток“.

Тој е автор на 23 книги. Со свои песни и раскази е застапен во избори и антологии во земјава и странство. Негови песни се објавувани во повеќе држави на повеќе јазици, англиски, француски, руски, турски, германски, романски, италијански, арапски, српски, хрватски и други јазици.

Работеше во редакцијата на весникот „Битолски весник“, Битола, а беше член на Друштвото на писатели на Македонија од 1989 година, како и член на Македонското научно друштво-Битола.

Беше и дописник на повеќе весници во Македонија „Остен“, „Македонија денес“, „Австралиско – македонски неделник“ (Мелбурн, Австралија), списанието за иселеници „Македонија“ и др.

Добитник е на повеќе награди и признанија и на највисокото признание на градот Битола наградата 4-ти Ноември.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка.

На 48 годишна возраст почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка, соопшти неговиот клуб LOWLANDERS MC MACEDONIA на социјалните мрежи. – Почина Тони Шипка, човек кој...

Традиционално од Света Петка Велгошти, ВМРО ДПМНЕ ја започна парламентарната кампања.

Огромен број граѓани вечерва присуствуваат на големиот народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид од каде партијата традиционално ја започнува кампањата за парламентарните избори. Кандидатите за...

Ковачевски најавува победа со над 61 пратеници на парлементарните избори

СДСМ и Коалицијата за европска иднина ќе добијат голема поддршка од граѓаните и ќе ја формираме новата Влада која најдоцна до 2030 година ќе...

Да беше жив, денес ќе славеше 73 години !!

Ќе наполнеше 73 години Роден на 19 Април 1951та во Скопје! Беше еден од најкреативните, најталентираните и најшармантните актери во Македонија! Беше еден од ретките,...