6.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаПратеничката Моника Зајкова хоспитализирана на Инфективна: ''Драги пријатели собрав малку сила и...

Пратеничката Моника Зајкова хоспитализирана на Инфективна: ”Драги пријатели собрав малку сила и храброст да ви пишам”

Пратеничката и потпретседателка на ЛДП, Моника Зајкова е позитивна на коронавирус и хоспитализирана на Инфективната клиника во Скопје.

„Ви пишувам откако собрав малку сила, лежејќи на клиниката за инфективни болести каде што сум хоспитлизирана поради заразеност од Корона вирусот“, пишува Зајкова.

Таа додава дека и нејзините родители се позитивни, за среќа со полесни симптоми и се борат со фамозниот непријател.

„Иако ги следевме и почитувавме сите протоколи, најверојатно некаде, за жал, сме потфрлиле“, додава Зајкова.

Како се чувствувам?

– Телесната температура не ми спаѓа под 38.5 C, чувствувам омалаксаност, континуирано гадење, повраќање и изнемоштеност. Констатирано ми е почетна фаза на пневмонија. Ова не сакам да звучи како заплашување, туку повеќе како отрезнување, затоа што понекогаш може да биде предоцна!

На Инфективна хоспитализиран е и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски за кој последно министерот за здравство рече дека е во добра здравствена состојба.

tv21

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...