11.9 C
Ohrid
вторник, април 16, 2024
ПочетнаСвет19-годишна медицинска сестра се омажила за својот 90-годишен пациент

19-годишна медицинска сестра се омажила за својот 90-годишен пациент

Млада невеста се најде на удар откако наводно се пофалила дека се омажила за 90-годишен пациент со деменција.

19-годишната медицинска сестра која ги избришала профилите на социјалните мрежи откако нејзините твитови станале вирални, е обвинета дека се фалела дека ќе биде вдовица веќе во триесеттите години.

Фотографиите од твитови и пораки, како и фотографиите од венчавката биле споделени на Твитер и Редит, а младата жена е критикувана од многумина. „Ако се венчаме, јас ќе бидам единствената личност што ќе го добие неговото наследство“, наводно и напишала на пријателката.

Другите слики покажуваат дека тинејџерката се фали дека правнуците на нејзиниот нов сопруг се постари од неа, но таа исто така истакнала дека е „навистина среќна“ во врската.

Судејќи според сликата од профилот на Фејсбук, постариот човек бил нејзин пациент пред да се омажи за него. Но, нејзините постапки многумина ги осудиле на социјалните мрежи, каде луѓето ги повикаа оние што знаат повеќе за ситуацијата да ја пријават кај властите.

„Како е ова легално? се прашуваа, додека други коментираат дека треба да се испита ситуацијата и да се поништи бракот. Други, пак, ја опишале тинејџерката како злобна и пресметлива.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Да бидеме хумани! Апел за помош на Сашо Лазаровски кој по вторпат се бори со рак

Сашо Лазаровски има потреба од нашата помош. Битолчанецот, кој еднаш го победи ракот на белите дробови, сега повторно води тешка борба со оваа опака...

Таравари: Ќе гo забраниме коцкањето и брзите кредити, идната Влада ќе ги покрива долговите на граѓаните од брзи кредити“, рече Таравари

Претседателскиот кандидат Арбен Таравари денеска оствари важна посета на градот Струга, каде се разговараше за различни прашања во заедницата, почнувајќи од здравствените работници до...

Давкова: Денес во Валандово се сретнав со мојот драг колега, Ѓорге Иванов.

Во пријатната атмосфера, денес, во неговиот роден град Валандово, се сретнав со мојот драг колега, Ѓорге Иванов. Имавме можност да поразговаравме за многу...

Нов пожар во објект кај Градскиот пазар во Охрид

Попладневно, избувна пожар во објект кај Градскиот пазар во Охрид. На терен интервенираат екипи на Територијалната противпожарна единица на град Охрид.