6.9 C
Ohrid
четврток, април 18, 2024
ПочетнаМакедонијаАлфа: Починати со ковид ги нема во билтените на МЗ, јавноста се...

Алфа: Починати со ковид ги нема во билтените на МЗ, јавноста се сомнева во игра со бројките?!

Двајцата браќа од Кавадарци едниот на 21 другиот на 26 годишна возраст кои неделава, за само три дена ја загубија битката со коронавирусот и 38 годишниот Виничанец кој почина во средата, ги нема никаде во дневните статистики на МЗ. Медиумите известија за нивната смрт, но тие не се заведени како жртви на короната. И онака вознемирената јавност, почна да се сомнева, дека можеби, се прават манипулации со бројките.. Дури, и дека, здравствените власти, свесно го кријат точниот број на починати.

Нелогичности има и во бројот на пацинети на респиратор. Во ГОБ “8 – ми Септември” во Четвртокот 13 пацинети биле на респираторна машина, за следниот ден, да има само тројца. Каде се останатите 10 пацинети? Дали оздравеле и биле тргнати од респиратор, или пак починале ? Ова уште повеќе ги засилува сомнежите во јавноста– какви бројки пласираат надлежните.

Дека нешто не е во ред со бројките на починати и заразени , реагираат и граѓаните на социјалните мрежи.

Од ресорното министерство и денеска не добивме конкретен одговор. Ни повторија дека треба да проверат. И вчера министерот Филипче го прашавме за овие нелогичност…според него нормално било бројките понекогаш да доцнат.

“Некогаш можеби статистиката касни неколку дена. Како се работата податоците и тоа е единствената причина иако објавата е истиот или веќе следниот ден.Но дозволете да проверам.” – изјави министерот Венко Филипче.

Инаку, состојбата со коронавирусот е крајно сериозна. Бројот на новозаразени пациенти со Ковид-19 секојдневно расте, а болничките капацитети забрзано се пополнуваат. Исполнети се сите кревети на инфективна и во модуларната болница, сега спасот ќе се бара со капацитетите на интерните клиники на Гастро, Очно, Неврологија.

Дека состојбата е целосно излезена од контрола и дека нема услови за нега на ковид пацинети денеска повторно алармираа за Алфа, медицинските лица од Центарот за ТБЦ. Велат, примаме пациенти со последни сили. Состојбата е речиси очајна. Онаму каде што имавме простории со 7 кревети, сега веќе има 10 кревети, онаму каде што имавме четири кревети, сега веќе има 6, се жалат нашите извори, кои додаваат и дека имаат голем недостиг на медицински лица за да можат да се справат со потребите на ковид пациентите.

alfa

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пендаровски: Најмалку тројца владици во Синодот на МПЦ под руско влијание, но немаме докази дека се шпиони на руската федерална служба

Во изминатите неколку години, Македонија протера 18 руски дипломати, т.н. дипломати кои беа руски шпиони. Тоа беше направено во содејство со службите од кои...

Грејната сезона во Македонија продолжува поради временските услови

АД ЕСМ ги информира потрошувачите приклучени на системот за централно греење со кој управуваат компаниите формирани од АД ЕСМ, како и подружницата „Енергетика“, дека...

Скафандерот стана дел од мене, уште го чувам – вели Костадиновска-Стојчевска

Тој скафандер стана дел од мене, го чувам и ќе ми дозволите да ви кажам од кои причини го чувам. Јас бев две години...

Албанец одбива да прими казна оти била напишана на македонски јазик. (Видео)

Граѓанин одбива да прими казна оти била напишана на македонски јазик На социјалните мрежи се споделува видео на коешто се гледа како двајца македонски полицајци...