5 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаДодека Македонија мака мачи со ковид-19, во Словачка за само еден ден...

Додека Македонија мака мачи со ковид-19, во Словачка за само еден ден тестирани се 1.2 милиони

Додека во Македонија нема термини за тестирање а доколку ви е хитно ќе мора да платите 4.000 денари приватно, во Словачка за само еден ден се тестираа 1.297.571 граѓани.

На првиот ден од вториот круг на масовно тестирање за коронавирусот, вчера во Словачка биле тестирани 1.297.571 граѓани, од кои 0,63 проценти биле позитивни.

Како што рече денеска министерот за одбрана Јарослав Наѓ, позитивен резултат добиле 8.172 лица.

Словачкиот премиер Игор Матович ги повика граѓаните кои се негативни да се однесуваат кон секој во неговата околина како да се позитивни.

Матович побарал заразените да бидат одговорни и да ги известат сите што биле во контакт со нив.

Во првиот круг минатата недела беа тестирани повеќе од 3,6 милиони од 5,5 милиони жители.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...