8.9 C
Ohrid
вторник, април 23, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаев: Телефонски му посакав добро здравје на Борисов, па се договоривме повторно...

Заев: Телефонски му посакав добро здравје на Борисов, па се договоривме повторно да се слушнеме !!

Премиерот Зоран Заев денеска телефонски разговарал со неговиот бугарски колега Бојко Борисов. Како што информираат од владината пред служба најпрво Заев му посакал добро здравје и брзо опоравување од корона вирусот, на што Борисов информирал дека се чувствува многу подобро и дека здравствената состојба му е стабилна.

Во телефонскиот разговор Заев и Борисов размениле информации околу подготовките за претстојниот самит во Софија во рамки на Берлинскиот процес и договориле уште еден телефонски разговор за утрешниот ден на кој ќе биде донесена одлука дали состанокот на премиерите на земјите од Западен Балкан во рамки на Самитот во вторник ќе се одржи со физичко присуство во Софија или целосно онлајн.

Заев и Борисов воедно изразиле меѓусебно уверување дека ќе продолжат да разговараат и директно и преку владините претставници и тимови, со цел изнаоѓање заедничко решение за отворените билатерални прашања во интерес на двете земји и во интерес на европските интеграции.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Гласањето на затворениците, болните и дијаспората почна навреме и без проблеми

Вкупно 6.935 болни и изнемоштени, затвореници во Казнено-поправните домови и лица во притвор, во старски домови и наши државјани во странство, можат да гласаат...

Не го издржа притисокот: Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за Токсикологија.

Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за Токсикологија. Во статус на социјалните мрежи, Беќаровски порача дека е време на приватните клиники...

Универзална сала не е осигурана, осигурана е фирмата што ја реконструира салата

Не е точно дека Универзална сала е осигурана туку осигурана е фирмата која ја изведува реконструкцијата на салата во осигурителната компанија Еуролинк, а изјавата...

Боки 13: Сакам Лила да ја плукнам, ама не, мојата плунка е повредна од неа !!!

Боки 13 во поткастот наа Лазаров се осврна и на пријателството со Лила Филиповска за која кажа дека кога би ја сретнал, не би...