14.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаКога кафулињата ќе затворат во 21 часот, младите продолжуваат со забавата по...

Кога кафулињата ќе затворат во 21 часот, младите продолжуваат со забавата по парковите !!!

Стотици млади, на возраст од 16 до 20 години, собрани во групи и од по десетина,  можат да се забележат во Градскиот парк во Скопје. Најголем број од нив се без маски на лицата, слушаат музика и се забавуваат седнати на сепарињата кај фонтаната „Лотос“ и по околните тревници.

Реки од луѓе кои се излезени на прошетка во вечерните часови може да се видат насекаде по патеките во паркот. Она што паѓа в очи е тоа што ретко кој од нив има лична заштита опрема и ретко кој внимава на потребната дистанца, иако тоа се главните мерки за заштита од ширење на ковид-19, за кои речиси секој ден здравствените власти во земјава апелираат да се почитуваат. Полиција или инспекција во Градски парк која би требало да казнува за непочитување на мерките, нема.

Овие собирања се случуваат во време на светска пандемија, токму во денови кога нашата држава руши рекорди во број на новозаразени лица, односно кога бројката достигнува безмалку 1.200 нови ковид-случаи во едно деноноќие, а смртноста никогаш не била повисока.

Пишува:  Мета 

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...

Ангелов: Ако победи СДСМ би работел за нив и како експерт, ама за плата од 5.000 евра

Прашан дали, ако СДСМ победи на изборите, ќе го напушти ВМРО-ДПМНЕ и ќе се врати во СДСМ, Стојанче Ангелов, претседателот на партијата „Достоинство“ синоќа...

Илија Јовановиќ: Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?!

Дома СКОПСКА СКОПСКА Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?! Од страна на Вечер -27/03/2024 - 15:08420 Илија Јовановиќ, претседател на здружението „Градиме...