6.9 C
Ohrid
вторник, март 19, 2024
ПочетнаМакедонијаДијаспората бара прекинување и поништување на преговорите со Бугарија

Дијаспората бара прекинување и поништување на преговорите со Бугарија

Како реакција кон недоличните барања на бугарската дипломатија за ревидирање на македонската историја, јазик и постоење како посебен народ, Македонците во светот повикуваат на прекинување на сите преговори со Бугарија поврзани со идентитетски прашања.

– Секоја негација на македонскиот јазик, историја и идентитет од страна на соседите повлекува морална, национална и лична одговорност на Македонецот во одбраната на истите.Македонците во светот, со голем гнев и разочараност го осудуваат секој понатамошен „договор“ со Софија со кој експлицитно се бара преименување на историјата и бришење на македонската вековна историска поврзаност и посебност. Причина повеќе и поради ставот на Советот на ЕУ од 25 март годинава, во кој се внесени забелешките на Бугарија за отпочнување на идни преговори – стои во соопштението на Обединетата македонска дијаспора.

Според нив, Бугарија како сосед и земја членка на ЕУ, отворено бара од Македонија да се откаже од македонскиот јазик и да се употребува само „службениот јазик на Република Северна Македонија.“ Истовремено, Бугарија бара да се откажеме од постоењето на македонско малцинство во Бугарија, да прифатиме бугарско толкување на сопствената историја, што вклучува откажување од најзначајните македонски херои и нивно префарбување во Бугари.

– Со неотфрлањето на овие бугарски барања, ЕУ ги погазува своите сопствени вредности и принципи содржани во Договорот на Европската Унија, каде експлицитно се наведува во член 4: ЕУ ги почитува и се залага за националниот идентитет на секоја држава“ како и промоција и реализирање на националните културни и историски вредности (член 167).Поаѓајки од фактот што ЕУ се заснова на „почитување“ на основните вредности за човечко достоинство, слобода и демократија во правна држава и има за цел почитување на различните култури и јазици (член 2 и 3), тогаш логички се поставува прашањето, зошто Македонецот е третиран надвор од овие принципи и критериуми? Дали Македонецот не е доволно човек за му се почитува основното право на изразување, самосвест, и самосознание на своето минато?

Ја повикуваме Европската Унија да го почитува нашето постоење како Македонци, да го уважи нашето право да си ја вреднуваме сопствената историја и да си го негуваме сопствениот јазик. Идентитетските прашања никогаш не биле и не треба да бидат предмет на разговори и преговори. Тие се право на поединецот и заедницата, што се над секоја држава или политички субјект. Можеби е време да се смени процедурата на тотален консензус во ЕУ, каде некои земји членки од злонамера го кочат проширувањето и наметнуваат анти- цивилизациски услови за земјите кандидати. Консензусот не е добродет ако со него се газат многу повозвишени вредности и се подриваат темелите на демократска, обединета, различна но сплотена, Европа. И покрај сите премрежја со кој се среќаваме, Македонците во светот ја продолжуваат својата борба за промовирање на националните вредности преку изучување на македонскиот јазик, култура и историја, како и комплетна негација на „северната творба и нејзините институции“ – се вели во соопштението Координативно тело на Македонците во светот.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Костадиновска-Стојчевска: Го исполнивме аманетот на нашите предци – до крајот на 2025 година, нов „Центар за македонски јазик“ во Љубојно

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, директорката на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Елена Јованова-Грујовска, и проф. д-р Елизабета Бандиловска, член на Советот за...

Ковачевски: Не даваме лажни ветувања-Имаме конкретна програма и визија каде ја гледаме Северна Македонија до 2030 година

„На изборите ќе насташиме со искусни членови кои вршеле низа функции и во партијата и во државата. Јас ќе бидам во Изборната едниница 1,...

Николоски: Со оваа власт процветаа криминалот и корупцијата во Македонија, но крајот им се ближи и ќе одговараат пред законот

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија истакна дека со оваа власт криминалот и корупцијата процветаа во Македонија,...

Не се откажувам од претседателската трка! Ни Американци ни свети Американци нема да кажат кој ќе управува со Република Македонија

Им се извинувам на сите Македонци и сите македонски граѓани што сум јас причината за една ваква вознемирувачка вест, истакна на денешната вонредна прес-конференција...