13.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаИма доволно слободни болнички кревети,освен во Струмица и во Куманово тврди Филипче..

Има доволно слободни болнички кревети,освен во Струмица и во Куманово тврди Филипче..

Во препораките јасно стои дека брзите тестови даваат резултати доколку се направат во првите пет дена од појавата на симптомите..
Во сите болници во државата, освен во Струмица и во Куманово, има слободни болнички кревети. Станува збор не само за инфективните, туку и за интерните одделенија кои сега се целосно наменети за третман на ковид пациенти со соодветен распоред на лекари, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Одговарајќи на новинарски прашања по посетата на поликлиниката „Јане Сандански“, министерот Филипче рече дека на интерните клиники има доволно слободни кревети, пристап до кислород и се што е потребно за лекување на пациентите.

За периодот којшто доаѓа имаме план за сместување на пациенти и во други интерни клиники и план за распоред на стручниот кадар, односно лекари, интернести и медицински сестри кои ќе работат со ковид пациенти. Во овој момент се уште нема потреба да се менува системот на закажување Мој термин, рече Филипче.

На интерните клиники, како што посочи, направени се тимови во кои секогаш има и пулмолози кои помагаат во третманот и давањето на соодветна терапија за пациентите.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...

Ангелов: Ако победи СДСМ би работел за нив и како експерт, ама за плата од 5.000 евра

Прашан дали, ако СДСМ победи на изборите, ќе го напушти ВМРО-ДПМНЕ и ќе се врати во СДСМ, Стојанче Ангелов, претседателот на партијата „Достоинство“ синоќа...

Илија Јовановиќ: Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?!

Дома СКОПСКА СКОПСКА Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?! Од страна на Вечер -27/03/2024 - 15:08420 Илија Јовановиќ, претседател на здружението „Градиме...

Автопатот Кичево – Охрид како легендата за Радин мост – Дење го градат, ноќе паѓа

Автопатот Кичево – Охрид станува историски, како Радин Мост во Кратово. Според легендата, го ѕидале девет браќа. Дење го граделе, ноќе паѓал. За да го...