4.8 C
Ohrid
вторник, ноември 24, 2020
Почетна Македонија Во Виница разбиена група која незаконски продавала тестови за Ковид слични на...

Во Виница разбиена група која незаконски продавала тестови за Ковид слични на тестовите за бременост, по цена од 1.000 денари

Translate (Eng):[gtranslate]

Во Виница е разбиена група што незаконски продавала тестови за Ковид-19. МВР во координација со другите институции ќе ги санкционира ваквите појави, како што е случајот во Виница, напишна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска на неговиот фејсбук профил.

Тој апелира до граѓаните да им веруваат и да се обраќаат само на овластени медицински лица кои се матични лекари или епидемиолози на институтот или центарот за јавно здравје и да не наседнуваат на вакви измами.

– Само така заеднички ќе придонесеме за справување со коронавирусот, вели минситерот Спасовски.
Информацијата за виничаните кои правеле лажни тестови вчера ја објави „Слободен печат“, според кој, лицата наплаќале по 1 000 денари од тест. Тестовите ги правеле одејќи по куќи, а на жртвите им давале стапче и лента за сами да си земат брис од нос и од грло, додека на други, пак, им барале сами да си земат крв и да капнат врз пластична лента на која се појавувале една или две линии кои „покажувале“ дали некој е заразен или не, слично на тест за бременост.

РЕКЛАМА
- Реклами -