10.4 C
Ohrid
петок, март 14, 2025
ПочетнаМакедонијаГруевски: Успехот е благодарение на Вмро, ние бевме единствени што вложувавмве во...

Груевски: Успехот е благодарение на Вмро, ние бевме единствени што вложувавмве во спортот !!!

spot_img

Поранешниот премиер Никола Груевски се огласи од Будимпешта по повод пласманот на фудбалерите на Европското првенство.

<

Тој смета дека вложувањата во инфраструктурата за време на владата која тој ја предводел, довела до овој историски успех.

Еве дел од пишувањето на Груевски на својот профил на Фејсбук:

„Се покажа дека тој концепт и тој проект кој тогаш го формираше владата, Министерството за образование и наука тогаш предводено од Спиро Ристевски и Агенцијата за спорт и малди, тогаш предводена од Марјан Спасовски, во непосредна и одлична соработка со фудбалската федерација на Македонија тогаш предводена од Илчо Георгиевски беше токму она што недостасуваше. Помогна и дополнителниот ангажман кој во тие години го направи ФФМ во ангажирањето на неколку фудбалери со потекло од Македонија но родени и израснати во Швајцарија, Хрватска и други држави од кои двајца денес беа дел од тимот. Секако огромна беше улогата и неколку искусни играчи од претходната генерација и неколку други кои не се дел од академијата. Инвестициите во 50 фудбалски терени за голем фудбал, изградбата на националната арена Филип Втори Македонски, изградбата на околу 100 мултифункционални игралишта, околу 110 спортски сали, спортскиот центар Борис Трајковски итн, со овој успех уште еднаш се покажаа како правилна инвестиција и добија уште поголема смисла. Кога ќе се изгради база која произведува добар кадар(академијата), инфраструктура(терените и салите), кога поискусните ќе добијат подршка од новите таленти и кога ќе се соберат најдобрите на едно место и ќе играат со љубов за Македонија, успехот е неминовен“.

ЧЕСТИТКИ ЗА МАКЕДОНСКАТА ФУДБАЛСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА ДЕНЕШНАТА ПОБЕДА И ЗА ПРВИОТ ПЛАСМАН НА ЕВРОПСКОТО ФУДБАЛСКО…

POSTED BY NIKOLA GRUEVSKI ON THURSDAY, NOVEMBER 12, 2020

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пуцко Петрол: Никогаш не сме доставувале мазут до ЕСМ

Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се споменува во целиот случај, и никогаш не доставувала мазут до ЕСМ. . Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се...

Уапсен велешанец, низ тераса им ја фрлал дрогата на муштериите

Вчера во 09.10 часот, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од...

Доживотен затвор за Елвин Куртовиќ за убиството кај Мавровка

Судијката Моника Бахчовановска го осуди Елвин Куртовиќ на доживотен затвор за убиството кај Мавровка, пренесе 4news. Убиството се случи на 20-ти август минатата година кај...

Протест во сабота против изградба на регионална депонија во Новаци

И покрај уверувањата на властите дека изградбата на регионалната депонија во Новаци нема да има негативни импликации битолчани се помасовно даваат поддршка за саботниот...