13.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаРот: Жалам што не успеаја дипломатските напори да се убеди Бугарија да...

Рот: Жалам што не успеаја дипломатските напори да се убеди Бугарија да ја одобри преговарачката рамка

Европската Комисија и Германија, како актуелен претседавач со ЕУ, не сакаат да дозволат билатералните спорови меѓу една земја-членка и земја-кандидат да се пренесуваат на европско ниво, порача вечерва германскиот министер за Европа, Михаел Рот.

На тој начин, Рот уште еднаш отфрли дел од бугарските барања за вметнување на историските спорови во преговарачката рамка.

Тој потврди дека Бугарија, како единствена од 27-те земји членки на ЕУ, денеска го блокирала усвојувањето на преговарачката рамка за почеток на преговорите со ЕУ на Северна Македонија.

Рот се надева дека сè уште има време, иако кусо, да се најде решение за спорот.

„Сакаме да ги тргнеме од патот сите пречки за да успееме уште за време на нашето претседателствување да ги започнеме Меѓувладините конференции. Но, сега не е време билатералните проблеми, кои во ова кратко време не успеавме да ги решиме, да ги пренесуваме на европско ниво. Мора како ЕУ да испратиме јасен сигнал на доверба кон Западниот Балкан, и притоа, како на Северна Македонија, така и на Албанија, кои многу сработија, да им го отвориме патот кон ЕУ“, рече Рот.

Германскиот министер изрази жалење што во изминатите денови не успеале дипломатските напори да се убеди Бугарија да ја одобри преговарачката рамка. Во тие напори освен тој самиот и шефот на германската дипломатија Хајко Мас, според Рот, учествувал и комесарот за проширување Оливер Вархеји.

Подоцна, одговарајќи на новинарско прашање, Рот ги групираше бугарските барања. Во првата група, според него, се бугарското барање за користењето на уставното име на државата и забелешката за именувањето на македонскиот јазик во документите на ЕУ, а во втората група, како што рече, „се редица други прашања од билатерален карактер“.

Објаснувајќи зошто преговарачката рамка треба да содржи дел од бугарските барања, Рот појасни таа „ги вреднува и ги вклучува големите историски чекори.“

„Тоа значи дека од една страна содржи делови од Преспанскиот договор со Грција, како и најважните елементи од Договорот за добрососедство со Бугарија.“

Ставот на германскиот дипломат е дека, со оглед на забелешките на Бугарија, мора да се одлучи што е тоа што треба да се расчисти на европско рамниште, а што ќе се решава билатерално меѓу двете земји.

Тој останува оптимист дека спорот може да се надмине, но вели дека рокот за тоа е до Божик.

„Оптимист сум дека со добра волја и храброст може да се надминат проблемите. На Западниот Балкан му треба јасен сигнал дека сме со него и дека ќе ги исполнуваме ветувањата кога ќе се завршат домашните задачи“, рече Рот.

извор: Makfax

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Филипче: Сум работел во АВТОПЕРАЛНА и од таму ми е љубовта кон моторите и автомобилите !!!

Познатиот неврохирург д-р Венко Филипче, раскажува за првата посета на операциона сала, како ученик во средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“. Во „Неформално“ на Сител...

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...