5 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаВело Маркоски: Ти викаат седете дома, после викаат касно идале пациентите на...

Вело Маркоски: Ти викаат седете дома, после викаат касно идале пациентите на болница !!!!!

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ д-р Вело Марковски вечерва во емисијата “Само вистина” на Канал 5 телевизија истакна дека Владата мора да поднесе одговорност за големиот број на починати од Ковид-19 во државата. Црниот биланс покажува дека Македонија не се справува со пандемијата на ниво, како што тоа го прават другите европски и светски земји.

Генерално што е најголемата грешка? Тоа е паролата “седете дома” на пациентите, јавувајте се по телефон и немојте да одите на лекар. Штедете ги лекарите, немојте по рецепти одете во аптеки. Значи маса на луѓе оставивме без да ги види матичен лекар што е нон-сенс. Тука ние имаме проблем. И после кажуваат доцна им доаѓале пациентите. Па, како да доаѓаат кога вие им кажувате да не доаѓаат на лекар. А клиничката слика од пролетта до сега е сменета кај пациентите од Ковид-19. Скоро кај сите починати постои бактериска пнеумонија со јасни параметри, со високо CRP, со висока седиментација и пореметени фактори на коагулација. И затоа пациентите треба да ги лекуваме соодветно. Не смее да се пушти пациент да не биде виден, да не биде прегледан. Другиот проблем е раното давање на антибиотици. Давање на антибиотик за време на вирусна инфекција може да има катастрофални последици. Тоа не е мој став, тоа е став на науката. Се прашувам дали се вклучени најдобрите доктори, најдобриот персонал, не можете вие да одите само со партиски членови во борбата со оваа епидемија, посочи Марковски.

Владата направи карантин кога имаше 10 или 11 проценти исполнети болнички капацитети, продолжи тој, а сега кога се преполнија болничките капацитети владата воопшто нема идеја што – како.

Потрошивме 2 милијарди евра, направивме карантини, вонредни сосотојби без да прогласиме епидемија во време кога бројката на позитивни на корона беше драстично помала. Кој ќе одговара за тоа. Поради сето ова ВМРО-ДПМНЕ бараше и опозицијата да биде вклучена во Комисијата за заразни болести, да даде предлози, мислења, да помогне во овие тешки времиња во борбата со корона вирусот, вели Марковски.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...