13.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаЕвропската Унија не се откажува од старт на преговорите со С Македонија...

Европската Унија не се откажува од старт на преговорите со С Македонија до крајот на годината

Германскиот министер за Европа и претседавач со денешниот министерски состанок на ЕУ, Михаил Рот, по денешната блокада за преговарачката рамнка за земјава од страна на Бугарија порача дека ЕУ не се откажува да помогне да се надмине спорот помеѓу Скопје и Софија и до крајот на оваа година да се усвои преговарачката рамка.

По осумчасовен состанок, главно посветен на буџетот на ЕУ, министрите очекувано не успеаја да ја надминат бугарската блокада за преговорите со Северна Македонија, потврди вечерва Рот. – Бугарија се осврна на една точка која ја смета за важна, рече Рот.

– Минатата недела претседателството се обиде да ги приближи позициите, но не успеавме да ги убедиме да се согласат со преговарачката рамка. Во наредните денови или недели сигурно ќе се обидеме да го испратиме овој важен сигнал до Западниот Балкан, тоа ќе зависи од волјата на двете страни да се усогласат, не е се само во наши раце, рече Рот.

Тој изрази задоволство што Бугарија и Северна Македонија продолжуваат да разговараат.

Запрашан што е точно „каменот на сопнување“ за Софија, германскиот министер потврди дека се работи за кратката форма на името (Северна Македонија) и референцата за македонскиот јазик. Покрај ова, рече тој, има и други билатерални прашања.

– Преговарачката рамка го одразува Преспанскиот договор и важни елементи од Договорот за пријателство, сега има отворени прашања од Бугарија, гледишта што треба да се разјаснат, неопходно е да имаме јаснотија на ниво на ЕУ, треба да се исцртаат некои линии, затоа што рамката треба да биде прифатена и од 27-те земји членки и од земјата што преговара, објасни Михаил Рот.

Тој понатаму одби да прејудицира што ќе се случува наредните недели, но потенцира дека до крајот на германското претседателство, односно до 31 декември, има уште време.

– Сега е средина на ноември, годината завршува на 31 декември и сите сакаме да имаме пријатен Божик така што ќе треба да се разјаснат некои работи, рече Рот, повикувајќи ги двете страни на храброст и добра волја како нешто што им е потребно и на ЕУ и на Западниот Балкан.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Страшна сообраќајка кај Кичево – тројца млади загинаа, неколкумина тешко повредени

Тројца загинати и неколкумина повредени лица е последица на страшната сообраќајна несзгод ашто се случила рано утрово во Кичево, информир аполицијата. МВР соопшти дека утрово...

Излажан Тетовчанец за 11.000 евра: Албанец му ветил дека ќе му отвори фирма во Дубаи, па останал и без пари и без фирма..

57-годишен жител на тетовско село, вчера во 14 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавил дека 58-годишниот М.М. од Република Албанија во текот...

Зајкова: Легализацијата на употребата на канабис ќе донесе ред и економски придобивки за државата

ЛДП е првата партија што во својата програма има ставено дека се залага не само за декриминализација на канабис, туку и за легализација на...

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...