9.6 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаБлагодарение на Д-р Балев и неговото добро менаџирање Охридската болница работи како...

Благодарение на Д-р Балев и неговото добро менаџирање Охридската болница работи како никогаш досега !!

Време е да се престане со ширење на лажни вести ,време е да се стави крај ,некој политички да поентира,врз нечија трагедија, време е да се стави крај на кревање на читаност на поедини елкетронски медиуми ,а за тоа да се користи недозволена алатка, нечија несреќа, нечија смрт!

Денес поедини електронски медиуми пласираат лажна вест ,дека наводно -„Персоналот работи со намален капацитет, и под константен притисок“?!

За да биде појсна сликата што све поминувааат лекарите и персоналот во ЈЗУ Општа Болница Охрид ќе изнесеме неколку факти:

1.ЈЗУ Општа Болница Охрид од почетокот на пандемијата со Ковид 19 , до денес, е регионална Ковид Болница ,поточно во моментов во охридската болница згрижени се 100 пациенти позитивни на ковид19, или охридската болница има лежечки пациенти исто колку што има и Инфективната Клиника во Скопје.За напомена ,благодарение на доброто менаџирање од страна ан директорот Др Горан Балев, кризниот штаб на болницата составен од еминентни светски лекарски имина , пожртвуваноста на лекарите, сестрите и севкупниот медицински и помошен персонал на болницата ,охридската болница преставува пример ,како тоа во време на пандемија со ковид 19 , се справува со сложена здравствена состојба и покрај пациентите инфицирани од ковид 19 ,врши и други здравствени услуги во смисол мој термин, хруршки зафати и други прегледи.

2.Од почетокот на пандемијата со ковид 19,а и пред тоа во охридската болница се лекуваат пациенти од Кичево, Дебар,Струга,Ресен,Прилеп итн.Точно дека има инфицирани лекари и медицински перосонал од ковид 19,кој се или на лекување во истата таа болница или се во изолација, но системот на солидарност кај охридските лекари , медицинскиот персонал и помошниот пероснал , нивната пожртвуваност , 24 часовни дежурства , по потреба и 48 часовни дежурства ,само ја пшрикажуваат сликата ,дека овие лица во бели мантили,како ангели бдеат врз пациентите и тука никој не може да се пожали.Само за пример, охридската болница е единствен пример во РСМ , каде директорот на болницата истовара боци со кислород ,лекарите истовараат боци со кислород , трчаат по одделенија , оперираат , прегледуваат пациенти, носат храна на пациенти, од дежурство одат на транспорт на тешки пациенти,а цела болница може да биде пример за тоа како треба да се оддржува хигиената во една медицинска установа.

3.Конкретно за случајот кој поедини медиуми пишуваат , за смтрта на младата 34 годишна охриѓанка, лекарите во охридската болница се обидоа да направат чудо за да спасат млад живот.Примена пред два дена во охридската болница, во текот на вчерашниот ден нагли пад на сатурација од 84% на 30%, експресна реакција на консултација со инфективна клиника,и ПЗУ Систина Скопје, веднаш организиран транспорт ,лекар за пратење при транспорт директорот на болницата познатиот хирург Др.Горан Балевски, но за жал некогаш ниту лекарите не можат да помогнат има некоја виша сила , суден ден.

Крајно време да се престане со викање ,урлање по лекарите , прават све што можат,за жал со ваква пандемија човештвото не памети дека се сретнало, многу непознаници за медицината ,за науката ,за да бидат виновни само оние ангели во белите мантили.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...