11.4 C
Ohrid
четврток, март 13, 2025
ПочетнаМакедонијаТетовчанка била тепана од сопругот, а полицијата не сакала да интервенира зошто...

Тетовчанка била тепана од сопругот, а полицијата не сакала да интервенира зошто бил позитивен на Ковид-19.

spot_img

Тетовската полиција завчеравечер околу 22 часот не влегла да интервенира во семејна куќа во градот по пријава за тешко семејно насилство од жена, додека ја тегнел и тепал сопругот пред двете малолетни деца. Не влегла, затоа што насилникот бил позитивен на коронавирус и со развиени симптоми, а полицајците немале заштитна опрема.

<

Полицијата ѝ се јавувала на жената во опасност по телефон, да слушаат дежурните што се случува „во живо“ во куќата, додека насилникот ја малтретирал сопругата пред децата.

Последниот напад бил синоќа, но жената подолго време била држена во страв од насилниот сопруг, била тепана, силувана, демнета и оставана без приходи.

„Насилствата врз жртвата Н.Н. се неколку пати пријавувани во полиција. Насилникот, во последната недела развил симптоми на вирусот ковид-19 и е позитивен. Насилството се повторува, заедно со синоќешната најнова пријава во полиција. Одговорот од надлежната полициска станица бил: ‘Не можеме да преземеме интервенција во конкретниот случај, бидејќи сторителот е позитивен на ковид-19’ “, вели Весна Дишлијовска од Македонското здружение на млади правници. Пишува СДК.МК

Заразениот насилник утрово заминал во едно од тетовските села, во самоизолација, а Македонското здружение на млади правници, каде жртвата го пријавила случајот, веќе ѝ испратило адвокат да ја придружува во постапката пред органите на прогонот. Здружението поднело барање и за бесплатна правна помош за да ја застапува пред суд за изрекување привремени мерки против сопругот за заштита од семејно насилство.

СДК.МК

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пуцко Петрол: Никогаш не сме доставувале мазут до ЕСМ

Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се споменува во целиот случај, и никогаш не доставувала мазут до ЕСМ. . Компанијата „Пуцко Петрол“ тврди дека непотребно се...

Уапсен велешанец, низ тераса им ја фрлал дрогата на муштериите

Вчера во 09.10 часот, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од...

Доживотен затвор за Елвин Куртовиќ за убиството кај Мавровка

Судијката Моника Бахчовановска го осуди Елвин Куртовиќ на доживотен затвор за убиството кај Мавровка, пренесе 4news. Убиството се случи на 20-ти август минатата година кај...

Протест во сабота против изградба на регионална депонија во Новаци

И покрај уверувањата на властите дека изградбата на регионалната депонија во Новаци нема да има негативни импликации битолчани се помасовно даваат поддршка за саботниот...